ОСКВЕРНАВЕНИ БИСТИТЕ НА НАРОДНИТЕ ХЕРОИ ВО МАВРОВИ АНОВИ: Вандали ги искорнале бистите на народни херои во Маврови Анови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Непознати сторители оштетиле два споменика во алејата на народните херои во Маврови Анови. Бронзените портрети се искорнати од постаментите и фрлени во непосредна близина.

Според информациите на СВР Тетово, оштетувањето на споменичните облележја на борците во НОВ Чеде Филипоски и Злате Малакоски било пријавено претпладнево околу 11 часот.

– Во полициската станица Маврово утрово е пријавен таков случај по што на местото е испратена увидна екипа. Повеќе информации за овој случај ќе има во текот на денот, информираат од СВР Тетово.

Во алејата на народните херои пред околу педесетинатина години поставени се споменични обележја со бисти на народни херои од мавровскиот крај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This