March 28, 2024, 11:02 am

ОСЛОБОДУВААТ ТЕШКИ КРИМИНАЛЦИ, ОСУДУВААТ СТАРЦИ: Каде во која држава се осудува на четири години затвор човек што кубел некого за коса!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска гостин во емисијата „Седмица“ на ТВ Алфа беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој говореше и за немилите настани на 27 април во Собранието, кажа дека многу луѓе биле испровоцирани да влезат во внатре, дека некој намерно ги испровоцирал со незаконскиот избор на претседател на Собранието.

-Тие беа понесени од емоцијата, беа понесени од желбата да помогнат на Македонија, да не се крши Уставот, да не и се случува на Македонија, тоа што ќе и се случи. До што дојдвме, човек што потегнал за коса некого да го осудат четири години затвор, каде во која држава се осудува на четири години затвор човек кој што кубел некого за коса, изјави Груевски.

Тој потенцира дека казната е премногу сурова и дека тие како партија излегле кога виделе што се случува.

-Ние сме за тоа да има правда и да има санкции за тие што ќе сторат одредени прекршоци и затоа излеговме на 27 април со таков став. Меѓутоа, во меѓувреме се случува нешто друго. Најголемите криминалци во Македонија се ослободија во првите три месеци откако СДСМ дојде на власт. На слобода е Красничи, кој што имаше кривични дела поврзани со изборно насилство, не се сеќавам точно што, полнење кутии итн.Се ослободи Бајруш од Куманово, тој имаше еден куп обвиненија и пресуди, изјави Груевски.

Тој напомена дека се ослободени дилери на дрога, кои што биле во затвор или притвор, тие се закануваа на кандидати за градоначалници. Тој спомена и дека има најава дека ќе биде закон со кој ќе бидат ослободени од затвор тешки криминалци и праша зошто тогаш да одговараат овие луѓе од 27 април.

-Убијци на пет деца, сурово, ладнокрвно убиство се ослободуваат, а луѓе кои беа понесени од емоции за кубење коса ќе ги осудуваат четири години затвор. Тоа е желба да се уништи секој што сака да си ја штити и брани државата, изјави Груевски.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This