ОТКРИЕН ТАЕН ДОКУМЕНТ НА НАТО: Германските медиуми откриваат таен документ на НАТО за „зауздување“ на Русија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

НАТО на земјите-членки на Алијансата им испратила таен документ во кој се набројани варинатите на реагирање во случај Русија да го наруши Договорот за ликвидација на ракети од среден и мал домет, пишува германскиот весник „Зидојче цајтунг“, повикувајќи се на изјава од извор

Според информациите на весникот, во документот под наслов „Што би било ако…“ наброени се 39 можн начини на „зауздување“ на Русија. Меѓу нив е интензивна стратегија за нуклеарно зауздување, поставување на нови системи за рано откривање проектили и зајакнување на морнаричката одбрана

Предложено е во Европа поактивно да се ангажираат авионите Б- и Б-52, како и да се зголеми оперативната готовоност на ескадрилата бомбардеи кои се разместени во Европа, а способни да носат нуклеарна муниција, се наедува во текстот.

Весникот пишува дека авторите на документот повикуваат за почеток на преговорите со Русија. Тие, исто така се против тоа САД да го раскине Договорот за ливкидација на ракети од среден и мал домет и да се посветат на изработка на сопстени проектили. Алијансата верува дека тоа би можело да го заостри „антиамериканското расположени“.

Нови санкции против Москва поради Договорот за ликвидација на ракети од мал и среден домет категорично се одбиваат како решение, пишува весникот.

Претставникот на НАТО во одоговор на прашањето на весникот не отфрлува ниту потврдува постоење на ваков таен документ, но соопштува дека внатре во Алијансата се дискутира за почитување на Договорот за ликвидација на ракети од мал и среден домет.

Тој договор забранува поседување на балистички и крстосувачки ракети со пречник на дејство од 500 до 5.000 километри. Москва и Вашингтон меѓусебно се обвинуваат за нарушување на тој договор кој е потпишан во 1987. година.

Претходно, медиумите соопштија дека американската администрација разгледува предлог на Конгреост на САД за отстапување од овој Договор.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This