ОТСЕГА ЌЕ ФУНКЦИОНИРА ИНФОРМБИРО: Македонија се претвара во Северна Кореја, Дума го избркала снимателот на Курир од ДИК!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо слобода и непречена работа на медиумите како што најавуваа Зоран Заев и СДСМ пред да дојдат на власт, во пракса се спроведува токму спротивното, новинари и сниматели се бркаат од јавни седници на кои медиумите се уредно поканети.

Снимателот на Курир попладнево беше избркан од јавната седница на Државната изборна комисија (ДИК) која се одржува во седиштето на Комисијата, поради смешно образложение дека само телевизиски куќи, а не и интернет медиуми имале право да ја снимаат истата.

Курир уредно доби покана за седницата од јавен карактер, поради што никој нема право да го попречи медиумското известување од самата седница. Нашиот снимател, кој префисонално ги извршуваше работните обврски беше отстранет од седницата по иницијатива на членот на СДСМ во ДИК, Виолета Дума.

Откако Дума неосновано го нападна нашиот снимател и побара да се легитимира, а истото беше направено од негова страна, службените лица побараа тој да ја напуштел седницата со банално и паушално образложение дека не сме можеле да снимаме бидејќи не сме биле телевизиска куќа.

Од нашиот снимател беше посочено дека станува збор за седница од јавен карактер за која имаме добиено уредна покана, поради што нашето присуство е целосно оправдано и легитимно.

Наместо слобода како што најавуваа пред да дојдат на власт, СДСМ во конкретниот денешен случај преку својот член во ДИК директно ја нарушува слободата на медиумите и брка сниматели од јавна седница, притоа попречувајќи професионално да ја вршат својата работа.

Јавноста до сега не памети дека новинарска екипа била отстранета од јавна седница на ДИК, само поради тоа што била интернет медиум, а не телевизиска куќа. Многу интернет портали кои отворено ги застапуваат ставовите на СДСМ и Вилета Дума до сега не биле избркани од седница на ДИК, како што тоа денеска беше направено на барање на членовите од СДСМ.

Со овој денешен скандалозен настан, уште еднаш излегува на виделина дека СДСМ и нејзините функционери само навидум се залагаат за слобода на медиумите, бидејќи во пракса токму тие се оние кои директно ги попречуваат медиумите во извршување на својата работа.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This