ПАДНА УШТЕ ЕДЕН ФУНКЦИОНЕР НА ТРАМП: Помошничката на Доналд Трамп, Хоуп Хикс си поднесе оставка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Помошничката на Трамп даде оставка еден ден откако се појави пред комисијата во конгресот која го испитува вмешувањето на Русија на изборите во 2016 година и потврди дека понекогаш и изјави дека понекогаш кажувала “бели лаги” за претседателот.

Директорот за комуникации во Белата куќа, Хопе Хикс, најдолготрајната помошничка на Доналд Трамп, во средата (28-ми февруари) ја објави својата оставка.

Хикс има 29 години и е долгогодишен член на внатрешниот круг на семејството Трамп, служејќи како портпарол за време на неговата претседателска кампања, пред да биде повикана да стане дел од персоналот на Белата куќа. Хикс е поранешен модел, претходно работела за организацијата Трамп и за модниот бренд на Иванка Трамп.

Нејзината оставка, најпрвин беше објавена од “Њујорк тајмс” и доаѓа еден ден откако таа се појави пред Комитетот за разузнавање во Конгресот кој го испитува вмешувањето на Русија во изборите во 2016 година и призна дека понекогаш кажува “бели лаги” за претседателот.

Точниот датум кога таа точно ќе ја напушти белата куќа ќе биде објавен во следните неколку недели. Официјалните лица велат дека таа лично му соопштила на претседателот Трамп дека дава оставка оваа среда.

Трамп, во соопштени и се заблагодари на Хикс за нејзината работа.

,,Хопе е извонредна и одлично ја вршеше својата должност изминатите три години. Таа е толку паметна и внимателна, навистина голема личност”, рече претседателот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This