ПАРИТЕ ЗА ИМЕТО ЛЕГНАА НА СМЕТКАТА НА АНЃУШЕВ: Грчката национална компанија ја купува фирмата на Анѓушев – исплатен договорот за името?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само ден по изгласувањето на законот за јазици и преговорите кои во Грција со тамошниот министер за надворешни работи ги водеше Никола Димитров, грчката национална компанија за производство на електрична енергија се огласи дека ја купува македонската „ЕДС“ сопственост на вицепремиерот за економски работи Кочо Анѓушев

 

Грчката националнаа компанија за производство на електрична енергија ППЦ потпиша писмо на намери за купување на групацијата ЕДС во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Во пакет ЕДС ги продава и сите подружници во Југоисточна Европа. Се уште не е јасно за која сума е продадена компанија, но од компанијата велат дека продажбата се прави согласно законите во Македонија.

„Преносот на удели е процедура којашто ќе се изведе согласно законите во нашата земја, вклучително и обезбедувањето одобрение од Комисија за заштита на конкуренција. По завршувањето на сите процедури, ППЦ во целост ќе го преземе менаџирањето на ЕДС.“ – велат од компанијата, пренесува 24 Вести.

Кај дел од експертската јавноста запознаена со текот на преговорите помеѓу Република Македонија и Република Грција, а во врска со спорот со името, сметаат дека на овој начин се отвара сериозен сомнеж дека се работи за договорена зделка помеѓу претставници на владите на Македонија и Грција, со цел полесно решавање на спорот со името.

„Мислам дека ова јасно покажува за каков калибар на луѓе се работи. Продажбата на ЕДС на грчката национална компанија за производство на електрична енергија најверојатно е само начин преку кој се исплаќаат побарувањата на високите претставници на нашата влада со цел давање на согласност за име по грчки терк. Така функционира тајната дипломатија, и тоа секој искусен дипломат го знае“ – вели во изјава за Инфомакс.мк дипломат од кариера кој сакаше да остане анонимен.

Претходно, вицепремиерот Кочо Анѓушев во интервју за едно македонско радио изјави дека за него се прифатливи решенијат за името како „Горна Македонија“, „Северна Македонија“, „Вардарска Македонија“, па дури и „Нова Македонија“.

15 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This