April 25, 2024, 10:27 am

ПАРЛАМЕНТАРНИ НАЈРАНО ВО ЈУЛИ: За предвремени парламентарни избори можност најрано во јули!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По убедливата победа на Социјалдемократскиот сојуз на вчерашните локални избори во владеачката коалиција се прават првите анализи кога би можеле да се случат предвремени парламентарни избори со цел зацврстување на кревката владина коалиција која што има само 62 пратеници во Собранието.

Сепак барањата за брзи парламентарни избори на кои што СДСМ може да ја искористи вчерашната еуфорија не се изводливи затоа што првиот термин за одржување на предвремени парламентарни избори согласно македонските закони е јули 2018 година.

Согласно регулативата во земјата мора да има период од најмалку 6 месеци од одржувањето на последните избори на било кое ниво.

Тој период ќе почне да тече од почетокот на Ноември кога ќе се официјализираат изборните резултати од вториот круг на локалните избори по што значи дека до април догодина Собранието не може да распише нови избори.

Според законот за избори од распишувањето на предвремените избори може да поминат најмногу 90 а минимум 70 денови со што се доаѓа до терминот јули 2018 година за која најрано можат да се одржат нови парламентарни избори.

На оваа одлука освен законските рокови ќе влијаат и други фактори како на пример способноста на опозицијата да се врати го игра по тешкиот вчерашен пораз, барањето на меѓународниот фактор за реформите како приоритет како и односот меѓу албанските фактори во владата ДУИ и Алијансата на Албанците кои што во вториот круг од изборите ќе водат директна битка за градоначалници во неколку важни градски центри.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This