ПАЦИЕНТИ БЕГААТ ОД КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР: Како ураганот наречен СДСМ го уништи Македонското здравство!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здравството како општествен сектор, кој е од примарно значење за граѓаните на една држава особено во периодот од 2002 – 2006 беше погоден од „ураганот“ наречен СДСМ, насловите на дневниот печат и прилозите на телевизиите во тоа време беа полни со вистината за катастрофата со која се соочуваше здравството, медицинскиот персонал и граѓаните кои животот ги однел да побараат помош во државните здравствени установи.

20151010_quilty_msf_knz_afg_029

24.11.2004 година, дневниот весник „Време“ пишува сторија под наслов „Пациенти по пижами бегаат од Клиничкиот центар“, во која опишува како од ден во ден се зголемува бројот на пациенти, кои преку ноќ бегаат од болниците неможејќи да ги платат превисоките трошоци за лекување. Според пресметки на весникот 8% од пациентите кои се лекувале во тоа време си оделе на диво, без да ги платат трошоците за медицински третман.

pacienti640
Скапи услуги и долгови до гуша Клиничкиот центар работел со континуиран долг од 371 милиони денари или 6,15 милиони евра. Весникот понатаму пишува:

– Генерален став на повеќе од 70 отсто од пациентите е дека услугите во болниците се прескапи и дека здравствената заштита не им е секогаш приспособена на потребите на пациентите. Особено се незадоволни хроничните болни и хендикепираните.

Пациент од тоа време за здравствените услуги за „Време“ изјавил:

– Триесет години работев во фабриката „Треска“ и сега сум на улица. Срамота за оваа држава е што две години немам сини картони и сите услуги ги плаќам од свој џеб. А три децении секој месец одвојував средства од мојот личен доход за Фондот за здравствено осигурување и сега истиот тој Фонд ми го врти грбот – вели Славе Ѓоргиовски, работник во „Треска“. Анкетата на граѓанската асоцијација МИА и ФИООМ, исто така, покажа дека генерален став на повеќе од 70 отсто од пациентите е дека услугите во болниците се прескапи и дека здравствената заштита не им е секогаш приспособена на потребите на пациентите. Особено се незадоволни хроничните болни и хендикепираните.

kolaps

Една година подоцна на 21.12.2005 година, во прилогот под наслов „Колабиравме – Распнете ме на плоштад – отчет на директорот на Клиничкиот центар“ , во кој говори за скратениот буџет на Клинлиничкиот центар за цели 150 милиони, кој е во лоша финансиска состојба и кому му се заканува финансиски колапс.

– Опремата е стара и амортизирана инфраструктурата е на распаѓање вододовод е лош, а каде се доктрините и лекувањето , вели директорот на Клиничкиот центар. Дополнително тој рекол дека во клиничкиот центар не чувствуваат одговорност за ваквата слика која се создава со години. Одговорни, се министерството и Фондот за здравство.

Како поминувал мандатот така ситуацијата во здравството се влошувала, па на 26.04.2006 година дневниот весник „Време“ во текстот под наслов „Болницата без пари, директорот „се крсти“ во Фондот“, пишува за маките на лекарите и медицинскиот персонал од Градската болница, на кои им доцни платата за цел месец.

Директорот да ја отргне одговорноста од себе дава целосна слика за здравството при што ќе каже:

– Проблемот со заостанатите плати не треба да се преувеличува, бидејќи платите доцнеле на повеќе клиники и Градска болница по ништо не била исклучок.

pari-1

Во истата сторија „Време“ пишува: – Пациентите сами купуваат ампули „герамицин“ бидејќи во болницата немало лекарства. Веќе подолго време не се користел ниту апаратот за ЕКГ, поради недостигот од лепенки и хартија. Поради состојбата во болницата, дел лекари барале да не се примаат нови болни и да не се пропишува терапија.

Клиниките без финансии, опремата стара, лекарите без плата, а Владо Димов министерот за здравство, на своите колешки министерки, Радмила Шекеринска и Илинка Митрева за 8 март ѓердани им купуваше. Ваква беше жалната слика на македонското здравство и општество низ кое граѓаните газеа 4 тешки години.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This