ПЕСКОВ ЗА ВОНРЕДНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА:Не, нема да им обрнеме посебно внимание

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков денеска изјави дека Москва не е посебно заинтересирана за претстојните вонредни парламентарни избори во Обединетото Кралство, јави ТАСС.

images

– Не, нема да им обрнеме посебно внимание. Кремљ ќе ја набљудува глобалната ситуација како и обично, истакна Песков.

Британската премиерка Тереза Меј денеска соопшти дека одлучила на осми јуни да се одржат предвремени парламентарни избори во Велика Британија.

Британскиот Парламент треба на седница утре да го потврди таквото решение на Меј, но опозициската Лабуристичка партија и нејзиниот лидер Џереми Корбин веќе соопштија дека тие ќе гласаат за предвремени избори.

Во кусата изјава Меј рече дека се одлучила за едно вакво решение во настојувањето да обезбеди „цврст мандат за Владата, пред интензивирањето на преговорите со ЕУ за напуштање на Унијата“, како и за да ги зацврсти позициите на Владата во британскиот Парламент.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This