ПЛАТИТЕ НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА ГИ ЗГОЛЕМИВМЕ ЗА 27%: Груевски соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ поднеле предлог за продолжување на ваквиот тренд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието предложи закон со кој што од први јануари со новиот Буџет со кој ќе го изгласа Владата да дојде до зголемување на платите во 2018-та година за 5 % во државната и јавната администрација и уште едно зголемување во 2020-та година исто така за 5 %.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, тоа е продолжување на трендот кој беше започнат и планиран од претходната Влада.

-Ние минатиот период и покрај тоа што бевме во исклучително тешки услови, услови на две огромни економски кризи во светот и Европа, услови на крупна политичка криза во земјата, успеавме да ги зголемиме платите во администрацијата за 27 %. Прифаќањето на овој закон ќе значи продолжување на трендот и ќе значи следната година зголемување на платите во администрацијата. Зголемување на платите на полицајците, на војската, на здравството, на социјалните работници, на наставниците, на професорите во средните училишта и на факултетите и на сите оние кои се дел од државната  и од јавната администрација, истакна Груевски.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This