ПОВЕЌЕ ЗАГРИЖУВААТ ЗАКАНИТЕ ДЕКА НАСИЛНО ЌЕ ГЛАСААТ ТОЧКИ ОД ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА: Легитимниот претседавач загрижен дека СДСМ спрема конфликт!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Закажаната седница која се одложи од петокот не можеше да се одржи бидејќи опремата во салата беше оштетна, таа седница не е завршена и мора да се оддржи во иднина, вели Трајко Вељаноски во вестите на телевизија Сител.

0
-Седницата ако не биде завршена не може да се оди на следната четврта точка за одбирање на претседател, не може да се ограничи правото на други пратеници да предложат претседател на Собрание, не може да се ограничи на правото на комисија на прашања на избор и именување да предложи претседател. Претседател не се избира за половина минута, не се избира на таков начин, тоа не се прави на шверцерски начин, тоа е свечен чин и не може на шверцерски начин да се избере во едно катче во еден ќош од една просторија да се избере претседател на Собрание, тој претседател утре треба да го има легимитетот за претставување на Собранието на Република Македонија, тој треба да ја има поддршката од сите пратеници без оглед дали го гласале или не, истакна Вељаноски.

Тој замолува кај сите да преовладува разумот, бидејќи со разумот можеме да излеземе од било која криза и од било која тешка ситуација.

-Сметам и дека треба да се произлезе од тоа да се продолжи седницата и да се преиде на четвртата и да се избере претседател на Собрание и да им се даде можност на другите пратеници да предложат претседател, а потоа да се преиде и на петтата точка и да се предложи и избере претседател на Собранието, а мнозинството да одлучи за новиот претседател, мене ме загрижува што некои пратеници велат дека и на ваков начин како што го избеаа претседателот ќе изберат и влада, и ќе изгласаат закон за јазиции на ваков начин ќе ги изгласаат сите закони кои се чувствитлни и за кои нема потреба од 2/3 мнозинство и ние ако преидеме преку ова ние го рушиме целиот правен поредок во државата, потенцираше Вељаноски.

18 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This