ПОВТОРНО ИСТА ПЕСНА КАКО ВО 2004: СДС смета дека прашањето за мигрантите не заслужува одговор-Заев го притиска ДИК за да ги руши референдумите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ во 2004 година велеше дека некои прашања не заслужуваат одговор, а потоа следеше катастрофална територијална децентрализација со која многу општини беа прекорени по етнички клуч. Сега СДСМ, референдумите во општините за населување на мигранти ќе ги рушат преку Државната изборна комисија, односно ќе сакаат да спречат изјаснување на граѓаните по ова прашање- дали се „ЗА“ или „Против“ населување на мигранти во нивната општина.

ДИК има налог од новата власт предводена од Заев и СДСМ да донесе одлука дека не смее да има референдуми. Членовите на ДИК ризикуваат кривична одговорност.

Толкувањето на членовите на ДИК било дека нема технички можности за такво нешто, што е сосема неоправдано, бидејќи одржувањето на локалните избори со себе повлекува инфраструктура и техничка поддршка и логистика, која треба да се искористи и за одржувањето на референдум против одлуката на владата за доселување на мигранти.

Постои законска обврска, референдумите да се закажат во рок од 40 дена што се совпаѓа со првиот круг од локалните избори. На овој начин, дополнително ќе се заштеди, бидејќи и референдумите и локалните избори ќе бидат на ист трошок.

И од иницијативата „Будење“, поради кратење на трошоците, велеа дека е добро референдумите да се одржат на истиот ден како и првиот круг од локалните избори.

Охрид, Куманово, Кавадарци, Битола, Прилеп, Кочани, Радовиш, Гази Баба, Карпош, Ѓорче Петров, Центар, Аеродром, Неготино, Дојран, Богданци, Гевгелија и Штип, се 17-те општини во кои граѓаните бараа референдум.

„Нема да дозволиме никој да донесува одлуки без да го чуе нашиот глас за вакви суштински и болни прашања, никој не смее да ја погази волјата на народот и самоволно да одлучува во наше име“- порачуваат граѓаните.

Димитров: Македонија е подготвена да досели мигранти (ВИДЕО)

Македонија е подготвена да досели мигранти, вели шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во изјава за Дојче Веле.

Димитров, кој само пред неколку дена изјави дека никој до сега немал побарано од Македонија да стане земја дестинација за бегалци, сега самиот се понуди и вели дека нашата земја била подготвена да досели мигранти.

По ваквата скандалозна изјава на Димитров, излегува на површина самата стратегија предложена од Владата на СДСМ, Зоран Заев и министерството на Мила Царовска, во која стои дека до крајот на годината предвидено е почнување на 71 проект.

Во секторот „Домување“ се вели дека треба „да се идентификуваат и обезбедат парцели на државно земјиште на располагање за инвестирање во социјални станови“. Очекувањата на Владата и Министерството се „Достапни локации за изградба на социјални станови“.

Од општините се бара „барем 100 единици – локации да станат достапни“, а иако не е одредено колкав ќе биде, буџетот се предвидува да биде обезбеден од државата и да биде 100 процентен.

Општините со кои не раководи СДСМ се кренаа против ваквата стратегија, прифајќајќи граѓаните на референдум да се изјаснат за идејата во Македонија да се населуваат мигранти.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This