ПОДГОТОВКА ЗА РЕФЕРЕНДУМ ЗА МЕНУВАЊЕ НА ИМЕТО: Владата најави промена на законот за референдум!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По најавите на актуелното владино раководство дека за евентуално решение за името, како и за влез во НАТО граѓаните би добиле шанса да се изјаснат на референдум, Министерството за правда најави предлог закон за измена на законот за референдум, со што се оправдуваат стравувањата на јавноста дека ваквиот референдум би бил фалсификуван

Министерството за правда подготвува измени на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните. Се предвидува законските измени да бидат донесени по скратена постапка, објкавува Академик.

Според Министерството за правда, постојниот текст на Законот е неусогласен со текстот на Изборниот законик и со текстот на Законот за судовите.

Јавна расправа не е предвидена, а временската рамка за предлог-законот треба да се донесе најдоцна до 31 јануари.

Со Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните се уредуваат начинот и постапката за решавање и спроведување на референдум, покренување на граѓанска иницијатива, свикување и одржување на собир на граѓани, како и други прашања од значење за непосредно изјаснување на граѓаните.

Досега во историјата на Република Македонија се одржани два референдума на државно ниво, тој за независноста во 1991 и за територијалната организација во 2004 година.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This