- Advertisement -
Во подрумски простории на зграда каде има складирано медицински материјал во населбата Пржино изби пожар, кој сеуште е активен.
Од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје за МИА изјавија дека се работи за голем пожар и оти нивни екипи интервенираат на терен.
На улицата „Баница“ каде е пожарот има густ чад.