ПОЛЕСНО ДО НОВ, СОПСТВЕН ДОМ: Во „новата ера“ нудиме полесно стекнување на сопствен дом, проект значаен за младите од Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево вечерва пред граѓаните се обрати и претседателот на партијата, Никола Груевски. Тој кажа дека политиката на ВМРО произлегува од проекти и решенија, решенијата и проектите ја формираат нивната политика.

-Ние ја нудиме новата ера, новата ера во која нема да има неасфалтирана и неосветлена улица, новата ера каде имаме парк во секое маало. Новата ера на 150 илјади нови работни места во Македонија, до крајот на оваа декада и намалување на невработеноста под 10 проценти. Нешто што покажавме дека и знаеме и можеме и имаме волја да го правиме. Во 2006 година во Македонија имаше вкупно 560.000 луге вработени, во мај оваа година кога заминавме имаше 733.000, за 173.000 луѓе повеќе вработени во Македонија. 2006 невработеноста во Македонија беше безмалку 40 проценти, во мај 22.5, тоа е ВМРО, тоа е оваа коалиција. Ние работиме да помогнеме граѓаните да се вработат, да добијат работни места и подобар живот. Нова ера на двојно намалена невработеност кај младите и поголеми можности за стекнување со свој дом

Тој кажа дека нудат нова ера на 2.5 пати повисок приход по жител – односно од 5 на 12 илјади долари.

-Нова ера на најниски даноци. Поголеми плати, пензии субвенции. Нова ера во која ќе секоја општина во државата, учениците од прво до петто ќе имаат бесплатен здрав оброк на училиште, а до крајот на мандатот ќе се потрудиме и до 9-то одделение. Со овој проект директно влијаеме на здравјето на младите, кои ќе имаат сигурен здрав оброк, но и директно се помага на домашнито буџет на секое младо семејство, а родителите имаат заштеди од 600 денари месечно за едно дете, изјави Груевски.

Тој во Делчево ги најави и новите два проекти на ВМРО-ДПМНЕ:

Проект: Стекнување на сопствен дом

Овој проект е значаен посебно за младите семејства кои сакаат да стекнат сопствен дом. Со овој проект, ќе овозможиме семејствата кои немаат сопствен дом, да можат да дојдат до сопствен дом со многу пониски трошоци, изјави Груевски.

Проектот ќе опфати:

Обезбедување на локации и земјиште за изградба на нови куќи од страна на општината. Земјиштето ќе биде поделено на парцели и понудено за купување на аукција по симболична почетна цена од само 1 евро по квадратен метар. Општината ќе ги укине или намали трошоците за граѓаните за комуналии, на следниов начин:

– семејства со приход до 1 просечна нето плата во РМ (во моментов изнесува 22.670 денари месечно) – 100% или целосно ослободување од комуналии. За оваа категорија на граѓани земјиштето ќе биде дадено бесплатно.

– семејства со приход од 1 до 2 просечни нето плати (од 22.670 до 45.340 денари месечно) – 75% ослободување од комуналии

– семејства со приход меѓу 2 и 3 просечни нето плати (од 45.340 до 68.010 денари месечно) – 50% ослободување од комуналии и

– семејства со приход од 3 до 5 просечни нето плати (од 68.010 до 113.350 денари месечно) – 25% ослободување од комуналии

Втората компонента на овој Проект се однесува за надградба на постоечки куќи. Предвидуваме ослободувањето или намалувањето на комуналии да може да се користи и во овој случај, доколку некое семејство сака да изврши надградба на кат на постоечка куќа. Процентите на намалување на комуналиите се идентични како при изградба на нова куќа.
Отпис на долгови за социјално загрозени семејства

Во сите општини во кои ќе победат градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонијa, ќе извршиме еднократен отпис на достасани долгови за вода и ѓубретарина заклучно со 30.09. 2017 година, за граѓани од социјално загрозени семејства, и тоа:

Приматели на социјална ипостојана парична помош (околу 35.000 лица).Семејства кои што се приматели на посебен додаток, односно имаат лица со пречки во развојот (околу 8.000 лица) Семејства коишто се во потешка материјална состојба, односно имаат приходи помали од просечната плата во Република Македонија. Овој проект произлезе од нашите средби што ги имавме со лицата од социјално загрозени семејства и честите барања за ослободување од плаќање на сметки за вода и комуналии. Со оваа мерка ќе се избегнат и утужувањата и трошоците за извршители за сите лица и семејства опфатени со овој Проект.

Отписот на долгови за вода и комуналии ќе биде донесен како мерка на првата седница на новиот Совет на Општините и ќе стапи во сила веднаш, односно од ноември 2017 година!

Тој порача граѓаните да бидат сигурни дека власта е во голема паника.

-Тие се во паника затоа што вие забележавте дека овие луѓе не можат да постигнат ништо во текот на своето владеење. Мислеа или се надеваа дека не можете тоа да го видите и разберете, но не само што останува забележано туку и се чуствува со секој изминат ден. Овие луѓе од власта се неспособни. Тие се неспособни, тие се практиканти без искуство и капацитет, тие не знаат економија, не знаат инвестиции, работа во локална самоуправа. Тие се толку вознемирени и немаат конкретна идеја и план што да направат со тоа, тие оставија сè друго настрана и само фрлаат кал врз мене. Тие велат: “ние самите не можеме да сториме ништо, барем да го деградираме Груевски и да го обесхрабриме ВМРО и коалцијата”. Не го трошете вашето време. Ова нема никаква смисла. Ние сме горд глас на оваа нација, ние сме независен глас на Македонија. Ние сме Македонија. Нашето разбирање на работите е дека луѓето се на прво место.

Тој кажа дека нвината  цел е да го зголемат квалитетот на животот и животниот стандард на сите граѓани.

-Колку и да тврдиме дека сакаме победа на локалните избори, ние пред се сакаме да ги освоиме срцата на луѓето и да помагаме. Сакаме да ги допреме нивните животи.
Ние не ја поделивме или класифициравме Македонија како Исток или Запад, Север или Југ, додека ги реализиравме нашите проекти и услуги. Работевме за да се осигураме дека секој граѓанин добива добра услуга, добри проекти и решенија за своето место, изјави Груевски.

Тој напомена дека нивната цел е да обезбедат решенија за секој граѓанин на нашата држава, за да ги достигне стандардите на граѓаните од развиените земји во светот, нашите деца да добијат подобро образование, за нашите млади да имаат повеќе работни места, за нашите работници да имаат повеќе приходи, за нашите пензионери да добијат повисоки пензии, подобри социјални и здравствени услуги.

-Ние не бараме само победа на претстојните избори, ние размислуваме, им даваме приоритет на утрешните генерации. Ние размислуваме 10 години нанапред. Размислуваме 20 години нанапред. Имаме соништа, имаме визија, имаме храброст, љубов и вера. Ја имаме новата ера. Тоа е нашата главна разлика и квалитет од другите, изјави Груевски

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This