ПОЛОВИНА МИЛИОН АЗИЛАНТИ: ЕУ им додели на 500.000 азил само во 2017 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Земјите членки на ЕУ, како и Норвешка, Исланд и Швајцарија, одобрија статус на заштита на 538.000 лица кои бараат азил во 2017 година, според новите податоци што ги објави Еуростат.

Минатогодишните бројки за азил претставуваат пад од 25 отсто од 2016 година, кога 710.000 баратели добија азил во Европа.

Според законот на ЕУ се нудат две форми на заштита: статусот на бегалец – за луѓе кои бегаат од прогон и супсидијарна заштита – за оние што се соочуваат со сериозна штета ако се вратат во нивната земја на потекло и кои не се квалификуваат како бегалци. Но, заштитата може да се даде и од хуманитарни причини, како на пример поради болест или ако лицето е малолетник без придружба.

Околу една третина од таквите баратели на азил во Европа дојдоа од Сирија минатата година, по што следат Авганистанците со (19%) и Ирачаните со (12%).

Досега, Германија зеде најголем број од барателите на азил за 2017 година (60,5%), пред Франција (7,5%) и Италија (6,5%)

На другиот крај, Лихтенштајн зеде најмалку (0.005%), заедно со Словачка (0.011%) и Естонија (0.018%).

Но, кога бројките се разгледуваат според големината на популацијата на земјите-дестинации за азиланти, резултатите се значајни.

Австрија, иако е четврта најпопуларна дестинација (33.250), земала речиси исто толку азиланти на милион жители како Германија (околу 21%). Земјата со население од околу 8,8 милиони, додека Германија има околу 83 милиони жители.

Наодите доаѓаат еден ден откако кабинетот на Виена ги одобри предлозите за зајакнување на домашните политики за азил, во обид да преземе остри мерки против илегалната миграција и злоупотребата на азилот.

Предлог-законот, кој би се усвоил во Парламентот, ќе им овозможи на австриските власти да им ги одземат мобилните телефони на барателите на азил, за да може сопственикот да биде идентификуван и да постои закана за депортација на малолетни лица кои вршат кривични дела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This