ПОЛУАВТОМАТСКИ 9ММ „КАЛАШНИКОВ“: Пиштолот кој никогаш не стигна во рацете на Црвената армија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Производителите на оружје го открија првиот автоматски пиштол што го произвел Михаил Калашников веднаш по завршувањето на Втората светска војна. Тоа е еден од потенцијалните пиштоли за високите офицери на Црвената армија. Слично на пиштолот АПС на Игор Стечкин (кој го победува Калашников на воените испитувања), оружјето има дрвен кундак и шаржер за 20 куршуми калибар 9х18.

Делото на Калашников тежи 1,7 килограми со дрвениот кундак, кој инаку може да се користи и како подвижен статив за попрецизна стрелба. Една од главните карактеристики е тоа што може да стрела поединечно или како полу- или целосно автоматски пиштол со исклучително висока брзина на стрелба.

Поради пренатрупаниот распоред на работа на Калашников околу производството на АК-47 (кој исто така е создаден на крајот на 1940-те), тој не може да одвои доволно време за да заврши сѐ што е потребно за разработка на друго ремек-дело кое треба да биде прифатено од армијата и да им служи на идните генерации. И така производителот губи на воените тестирања од АПС на Игор Стечкин (исто автоматски пиштол со дваесет куршум калибар 9х18 мм).

Денес има само неколку автоматски пиштоли на Калашников. Можете да ги видите во градот Ижевск, каде што се наоѓа фабриката за оружје. А „Стечкин“ е прифатен во вооружувањето 1951 година во неколку варијанти и служи 40 години – до крајот на војната во Авганистан.

Russia Beyond

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This