ПОРАЗ НА РАЗУМОТ: Новиот Албански сон – кошмар за Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали албанскиот премиер навистина е така моќен во албанската заедница или само го користи старото добро испробано оружје на Албанците – заплашување, и ја зборува ли вистината кога вели дека албанската заедница на Балканот во блиска иднина ја гледа под еден претседател

Албанскиот премиер Еди Рама во Приштина по повод десетгодишницата од едностраното прогласување на независност на Косово изјави дека Косово и Албанија би требало да имаат заедничка надворешна и безбедносна политика, но изнесе и една нова идеја – за заеднички претседател како симбол на национално единство и заеднички национални безбедносни политики.

Колку во овие зборови има реторика, а колку приказната е реална?

Професорот на Приштинскиот универзитет Бељуј Беѓај вели дека се надева дека тоа што го рекол Рама е само во контекст на некоја врста на притисок на Европската Унија, со обзир дека претходно најави дека доколку ЕУ не го убрза процесот на интеграција со косово, тогаш ќе се размислува на алтернативи, односно, за спојување на Косово и Албанија. Во спротивно, додава соговорникот, да се инсистира на таква идеја е така застарено во 21. век што е пораз на разумот.

„Имам чувство дека тајно се планира фомирање на етнички држави наместо да се планира рационално функционирање на самостојни држави на народите, кои во рамки на своите граници имаат и други националности“, верува Беѓај.

Тој напоменува дека логиката на националните држави е застарена во контекст на денешните околности и дека истата веројатно во долгорочен процес би имала далекусежни последици.

„Едноставно, не мислам дека треба да се размислува за етнички држави бидејќи преспективата на глобализмот не се состои во една нација, независно дали се работи за Кинези, Срби или Албанци, туку за мултиетничка и мултикултурна заедница. Така гледано, мислам дека национални претедатели со оваа теза се застарена работа“, вели Беѓај.

Стефан Сурлиќ од Факултетот за политички науки е уверен дека изјавата на Рама е предизвикана поради незадоволство со Стратегијата на ЕУ за Балканот, која неодамна е презентирана во која само Србија и Црна Гора добија отворена перспектива за влез во ЕУ. Изостанаа Македонија, Албанија и косово.

Тој верува дека вакви изјави би можеле да ги мотивираат екстремните групи, но потсетува и на фактот дека Рама е доста склон кон тоа, секогаш кога има внатрешнополитички проблем, да посегне за политички поени преку некои сојузи со албански политички лидери надвор од Албанија.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This