ПОРАКИТЕ ЗА „МОСКОВСКА ПЛАТФОРМА“ ПРИСТИГНАА СПОРЕД НАЈАВАТА: Сергеј Железњак на „Спутник“ најави зголемување на военото присуство на Балканот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Малку ми е непријатно што сите што ги очекуваа “вестите од Москва“, чекаа соџвакан материјал склопен во неколку реда и неколку точки! Да прочитаат, дознаат, и толку. Можеби грешката беше и во пре-бомбастичната најава. Но, секако, беше и во човечката прироа да го очекува она што го поскаува. Исто ми е малку непријатно, што сите ние сме издресирани на бриселско-вашингтонскиот начин на политички говор и делување, па очекуваме и од Руската Федерација тоа да го прави на ист начи, Но Русија е друга држава, друга империја, друг начин на водење на политика, праќање на пораки, делување, планирање… Пораките, инисијативите, визиите ги праќа на друг начин. На руски начин.

zeleznjak-2

Па така, за оние што биле по мрзеливи, еве да ги подвлечам (одвојам, потцртам…) деталите од објавата на “Интегралната визија за Балканот“, соопштена преку Сергеј Железњак во интервју направено пред 3 дена во Белград, а соопштено и објавено на пошироката балканска јавност вечерта на први април (како и што најавив). Во интервјуто може да се види дека, како што напишав во мојата последна колумна, “Москва влегува во финално решавање на кризите во овие три-и-пол држави“, потоа може да се види дека тоа е “без задршка и огради“, потоа дека “Русија со цел свој капацитет се вклучува во разрешување на проблемите во 4-те кризни жаришта“, односно дека “Москва влегува во финално решавање“.

Сергеј Железњак, кој по желба, предлог и иницијатива на неколкумина исклучително влијателни паблик опиниан мејкери од земјите на Балканот, вклучително и од Македонија, му беше предложен на Владимир Путин да биде негов специјален претставник за Балканот (руски Ричард Холбрук) – пораките од Москва ги објави во интервјуто за Радио Спутник.

Па, да појдеме по ред. Што се најбитните анализи и точки од “Визијата“, а потоа ќе допишам уште некои идеи и потези што ќе се случат во блиска иднина:

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

“Ситуацијата на Балканот е клуч за безбедноста во Европа“. (по директна изјава од висок политички претставник дека сме на работ на Европска и светска војна – здравје).
Сите најважани светски трагедиии започнуваат со раст на напнатост на Балканот“. (а напнатоста сега е како никогаш до овој момент во 21-от век).
“Оваа политика што ја води Запад, пред се САД, многу е опасна“.
“САД сметаат дека можат да се поигруваат со политичките процеси и конфликти што се случуваат на Балканот“. (јасно е таргетиран Вашингтон како поттикнувач на евентуална војна).
“Од тука се и проблемите во Македонија, Односно, се се работи за да се произведе што е можно поголема напнатост на Балканот“. (јасно и гласно).
“Тоа (Македонија) е проект наследен од предходната американска администрација, но многу е лошо што новта администрација сеуште го нема изнесено својот став“.
“Концепцијата на “Б4“ предвидува Балканот да биде максимално воено неутрален“.
“За народите во земјите на Балканот најумно е да ја поддржуваат сопствената воена неутралност, да не станат дел од овие или оние војни конфронтации“. (сосема јасно кажано да не се заземе страна во случај на воен конфликт помеѓу големите).
“Внесување во основните законодавни и уставни документи на “рефрендумскиот параметар“ за решенија што властите во секоја држава би ги правеле врз основа на изразената волја на народот“. (значи за НАТО, ЕУ, Пржина 1 и 2 да си биде прашан народот, а не да решава тесен круг на политичари).
“Русија ќе ја шири воено-техничката соработка на Балканот како гарант на мирот и редот во земјите од Балканот“.
“Со наоружувањето на Србија се постигнува да се оладат вжештените глави на политичарите од оние земји што сакаат да вршат притсок на Балканот“.
“Структурите на НАТО се неефикасни“.
“Црногрците со влез во НАТО ќе станат робови“. (значи и секој друг, па и ние, кога недајбоже ќе влеземе таму).
“Решенијата спротивни на волјата на мнозинството на народот не може да донесе мир“. (експлицитно, нели?).
Сакам мир и просперитет за Македонија“.

 

[/kopa_block_quote]

Тоа се анализите на Сегеј Железњак и насоките за интегралната визија на Балканот што доаѓаат од Москва.

Од минатата недела наваму 4-те точки на Балканот каде е можен конфлик и криза (“Сите најважани светски трагедиии започнуваат со раст на напнатост на Балканот“), пред се Македонија, се на постојаната агенда на Русија во сите билатерални и мултирателани нивни средби, преговори, договори. 4-те точки на Балканот се со иста тежина како што е на пример Сирија и конфликтот таму. Македонија е на руската мапа на најневралгични точки во светот.

Во следните десетина дена се очекува во Москва да допатува Државниот секретар на САД Тилерсон на разговор со Лавров и Путин. Во Москва тоа се оценува како разговор на најсериозните и најмокни луѓе на планетава.

Од овој разговор Москва очекува договор каде ќе биде прифатена иницијативата Б4 со која најголемите светски сили Русија и САД би гарантирале апсолутна воена неутралност на 4 земји од поранешна Југославија. Москва тоа го смета како нај добро решение.

Русија смета дека сите невралгични точки во светот, вклучувајки ја и Македонија, се наоѓаат на “патот на гасот“. Односно по трасите на гасоводите. Затоа во овој момент се водат преговори во врска со распределбата на ресурсите, пласманот и транспортот на гасот од (1)арапските земји поддржани од САД, (2)Русија со својот Сибирски потенцијал и (3) на најновиот исклучитолно силен играч Иран. Во план е спогодба иста како онаа “челична“ (по Вторта светска војна) помеѓу Франција и Германија за областите Рур и Сар од каде железо и челик користат двете супер сили.

Русија во голема мерка се потпира на иницијативата Б4 за тотална воена неутралност на Република Српска, Македонија, Србија и Црна Гора. Најново е што кон ова друштво со голема брзина се приближува и Молдавија, која исто така до овој момент формалн-правно не е воено-блоковски определена.

Во следниве неколку дена ќе има уште една изјава/интервју на Желеањак како ова кое го цитрам, каде повторно ќе се обелоденат нивните анализи и планови.

За крај, уште една сублимирано од она што “човекот на Путин“ го порача:

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Без мир на Балканот (значи и во Македонија), нема мир во светот.
Без апсолутна воена неутралност на земјите од Балканот (значи и Македонија), нема мир во светот.
Без овозможување на проток на гасот од Сибир кон Европа (низ Македонија), нема мир во светот.
Без сериозно наоружана Србија, нема мир на Балканот.
Без согласност од мнозинството народ изразено преку референдум, ниту една одлука не е валидна (Пржина, Охриди, Дејтони…).

 

[/kopa_block_quote]

Мислам дека сега се‘ е јасно.

 

 

Миленко Неделковски

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This