ПОРТРЕТ БЕЗ РАМ(К)А: ОНА и он!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

talat_portretЧовек кој ќе изјави дека неговата цел да ги претвори вооружените сили во „симбол на соживот, толеранција и почитување на различностите“ на Балканот не треба да се грижи за својата иднина

Доказ за тоа е „новоизбраниот“ претседател на Собранието Талат Џафери. Како еден од командантите на ОНА, експозитура на ОВК во Македонија која предизвика крвава побуна во 2001. а 16 години подоцна, стана претседател на Собранието. Начинот на кој е избран во најмала рака процедурално е сомнителен, но Вашингтон и Брисел во истата вечер го официјализираа неговото поставување.

Патот на Џафери одамна е утврден. Најпрво е призната ОНА, потоа е признат он. ОНА како вооружена формација која убива македонски полицајци, а он, како нејзин командант кој на себе го става плаштот на политичар и со својот комесар на македонскиот фронт, Али Ахмети ја формира ДУИ. Најсилната партија на Албанците во Македонија.

Македонските власти веднаш ги забележаа големите политички потенцијали на Џафери. Никола Груевски го постави за министер за одбрана, бидејќи кој подобро би управувал со војската од некој кој се борел против истата во заседа. И во светот на замрсената македонска политика, Џафери покажа дека во Белград како припадник на ЈНА, совршено научил да се маскира и да ги менува улогите. Најнапред дезертирал од ЈНА, приклучувајќи се кон новоформираната Македонска војска по распадот на Југославија. Потоа ја напушти Македонската војска, приклучувајќи се кон ОВК. Командувајќи илегални формации кои од живот лишија неколку македонски полицајци, за Запад стана синоним за соживот.

Џафери секако, го напушти и Груевски, правејќи линк со Зоран Заев. Но, пред да го напушти Груевски, Џафери дојде до Еди Рама во Тирана, каде неколку албански партии од Македонија под покровителство на Рама ја составија фамозната тиранска платформа.

Мудар и исклучително снаодлив кога е во илегала, Џафери стана невозможно да биде фатен, па знаењата од фронтот ги префрли во Собранието и владата каде што се покажа како одличен говорник. Кога вршеше опструкција на поединечни закони, знаеше да зборува со часови за се и сешто, да рецитира поезија или едноставно да молчи и да мумла.

Обучен за снаодливост во мрачни шуми, како и за игра во џунглата наречена официјална политика, Џафери сега претседава со Собранието на Македонија. Во својот кабинет го внесе албанското знаме и го постави на работната маса, но македонската јавност стравува многу повеќе од тоа дали Џафери ќе ја инсталира тиранската платформа по која заедно ќе чекорат во иднина. За Џафери светла, за Македонците неизвесна.

Роден во 1962. година во селото Форино во оклина на Гостивар, град кој денес потсетува на албански Лас Вегас. Забележан како младинец кој ветува. Некогашните комунистички и воени кадровици кои во Белград го донеле на обука не предвиделе една работа. Дека нив ќе ги снема, а ОНА и он ќе останат.

 

Александар 
Апостоловски

„Политика“

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This