Сириската војска го засили обезбедувањето на руската авио-база Хмејмим по гранатирањето од минофрлач на 31. декември, соопштува извор од Министерството за одбрана на Русија, пренесува Спутник
„Сириските органи за безбедност ќе трагаат и ќе ги уништат милитантите вмешани во нападите, а воедно е засилен и режимот на обезбедување на територијата околу авио-базата“, соопштил изворот од министерството за одбрана на Русија.
Извор на телевизијата РБК соопштил дека зоната околу Хмејмим по гранатирањето е исчистена и проширена, а ќе ја чуваат Руски наместо Сириски војници.
Утрината на 31. декември беше изведен напад на авио-базата Хмејмим во кој загинале двајца руски војници.
Тоа не е единствен напад на руската авио-база. Во претходен напад, противвоздушниот ракетно-топовски комплекс „Панцир-С1“ пресретна две ракети, лансирани од страна на милитантите на „Сириската слободна војска“.