March 29, 2024, 12:23 pm

ПОТЦЕНЕТЕ ГО НАРОДО И ЌЕ ВИДИТЕ ШТО ЌЕ СИ ДОБИЕТЕ: Граѓаните порачаа дека не се плашат од закани!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прееска прочитав една изјава на нам добро познатата Маја Коцијанчиќ, рече дека очекувала брз избор на претседател, една работа пропуштила во нејзиното обраќање кон нас, доколку очекува брз избор на претседател потпишан на документ создаден во Тирана, требало да каже дека се работело за тиранскиот парламент, не за скопскиот, не за македонскиот, порача Богдан Илиевски, еден од главните организатори на граѓанскта иницијатива „За заедничка Македонија“.

sobranie-5-640x356

-Добар ден граѓани на заедничка Македонија, добар ден црвено-жолто море, црвено-жолта линијо која никој нема да ја помине, црвено-жолти штитови на суверенитетот на суверена Македонија. Пресреќен сум што по 43-ти пат, на почеток на седмата недела, ве поздравувам сите во огромен број тука пред парламентарниот дом, местото кое ќе го браниме, местото кое нема да падне пред никакви платформи. Прееска прочитав една изјава на нам добро познатата Маја Коцијанчиќ, рече дека очекувала брз избор на претседател, една работа пропуштила во нејзиното обраќање кон нас, доколку очекува брз избор на претседател потпишан на документ создаден во Тирана, требало да каже дека се работело за тиранскиот парламент, не за скопскиот, не за македонскиот. Но, затоа сме ние тука да ја потсетиме на се што заборава таа и тие како неа, кои мислат дека можат да се прават глуви и да го потценуваат народот, изјави Илиевски

Тој порача до политичарите качени на тиранската платформа да не калкулираат со бројки од граѓани кои им дале поддршка, бидејќи никој не гласал за платформи направени во туѓи држави.

-Црвено-жолтите барикади, влегоа во седмата недела, ова ќе е долга битка, ќе бидат уште долго тука, бидејќи сме на правата страна, бидејќи го браниме доброто, а доброто мора да победи и доброто ќе победи. Политичарите качени на тиранската платформа, калкулираат со некои бројки од 700.000 луѓе кои што ги поддржуваат, тоа не е точно, Тиранската платформа никој не ја гласал на избори, што значи дека еден милион и 100 илјади граѓани на Република Македонија се измамени, немаат документ создаден во соседна држава, кој треба да ја решава иднината на нашата држава. Тоа никој нема да го дозволи, тоа нема да им помине, порача Илиевски.

Илиевски ги повика граѓаните во голем број да продолжат да излегуваат на улиците за да остане Македонија онаква каква што ја сакаме.

-И денеска извојувавме уште една голема победа и денеска нема претседател на ова Собрание, на шверцерски начин, качен на некакви платформи, мора да продолжиме да доаѓаме и во наредните денови, знаеме од минатото дека разно-разни планери имаат пласирано свои отровни планови во Македонија во очи на големи празници, овој пат тоа нема да го дозволиме, ќе бидеме тука масовно колку што треба, бидејќи само со нашето присуство тука, може да ја заштитиме Македонија онаква каква што е, каква што ја сакаме, заедничка држава, а не двонационална, мултиетничко општество, а не двојазична држава, не држава на патот кон поделби, туку држава за сите граѓани на Република Македонија, за сите кои и мислат добро, на овие кои не и мислат добро и мислат дека можат да не исплашат со закани им порачувам пробајте потценете го народот и ќе видите што ќе си добиете, им порача Илиевски

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This