March 28, 2024, 11:33 am

ПОЧНА ДА СЕ УДИРА ПО СЕ ШТО Е ЦРВЕНО-ЦРНО: Ова се деталите за рекетот кој владата на СДС го направи врз Вардар и сопственикот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Извршниот директор на Вардар, Самоил Симев, на денешната прес конференција реагираше на новите цени на користење на услугите на Националната Арена „Филип Втори“. Симев реагираше на начинот на кој што се доставени новите цени, а тоа е три дена пред важниот натпревар против Зенит во рамките од групната фаза од Лигата на шампионите.

-Одлуката на АД за стопанисување за зголемувањето на цените за играње на домашните натпревари, како и она што најмногу нас не болеше, а тоа се европските натпревари. Пред 3,5 години го преземавме Вардар. Ветивме дека ќе го вивнеме клубот во европските височини. Вложувањата од година в година се зголемуваа. Многу пати реагиравме на неправди, трпевме многу удари, но некогаш премолчувавме. Но, сега почна да се напаѓа сè што е црвено-црно. На 48 часа пред мечот ни беше доставена зголемена цена. Можеше тоа да се направи претходно, а, не на таков начин. Нам ни преостанува да реагираме за ваквите непрадвди на ваков начин. Останува да ги прегледате цените и да кажете дали е во здрав разум. Собравме информации од нашите соседи, како Црвена Звезда, Динамо Загреб, Партизан, кои добиваат помош до сите страни, затоа што ја претставуваат градот и државата. Сумите за закуп се драстично пониски во Хрватска, Србија, Словенија… иако и трошоците се помали. Од 12.000 евра за европски натпревари, сега ни стигна фактура дека треба да платиме околу 34.000 евра, плус ДДВ, изјави Симев.

И покрај високата цена, Фудбалскиот клуб Вардар се соочи со низа недостатоци за време на организацијата на натпреварот со Зенит во групната фаза од Лигата на Европа.

-Иако ни беше поставена цена од речиси 40.000 евра, се соочивме со низа недостатоци на стадионот, како недоволно вработени за потребите на натпреварот, инвентарот од претходните мечеви не се наоѓаше на соодветно место, хигиената на трибините, подтрибинскиот простор, тоалетите, струјата и интернетот кај новинарите, вештачката трева кај корнерот која беше поставена од страна на ФК Вардар, просториите за Лига Европа кои не беа подготвени, билетарницата, озвучување, места од кои може да се влезе без билет… И покрај озвочувањето на стадионот, ние носевме дополнително и наше, што претставува дополнителен трошок, заврши Симев.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This