ПОЧНА ПРОЦЕСОТ НА ЛАЖИРАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ: СДС избришале 11.000 гласачи од списокот на ДИК!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Започна најавуваната реализација на планот на СДСМ за лажирање и изборен фалсификат, во кој се вклучени повеќе државни институции, партизираната полиција и мафијашкото подземје од Албанија 

Целта на овој план е преку уцени, поткуп и закани да се обезбедат 40-50 илјади гласови за СДСМ бидејќи на Бихачка се свесни дека со непопуларните антидржавни договори со Бугарија и Албанија и со се поверојатното клекнување на земја и пред Грција, граѓаните ќе го искажат своето незадоволство од СДСМ на локалните избори.

Причини плус за аларм во СДСМ се и нивната докажана неспособност да се справат со пожарите во Македонија кои однесоа домови на многу граѓани, а имаше и жртви. Исто така граѓаните гледаат и дека нема плата од 500 евра, нови фабрики, инвестиции, но затоа има депонија во Струга која гори 3 месеци и нова во Тетово која ги угуши тетовчани.

Граѓаните се револтиран и од партизацијата на државата – особено неутралните гласачи кои за прв пат гласале за СДСМ очекувајќи нешто ново и подобро, а го добиле токму тоа од што стравуваа – истиот стар СДСМ воден од Заев кој најави дека ќе јаде живи луѓе и ќе ја партизира државата, а пратениците на СДСМ се закануваа дека без членска на СДСМ нема вработување.

Свесни за сето ова на Бихачка одамна се спремаат за фалсификатот на изборите, поголем од тој кој го направија на 11-ти декември со ненормално голема помош на странски центри. Сега покрај таа помош, СДСМ ги има и полугите на власта кои ќе ги користи за да уценува и се заканува кон социјално ранлиите категории. Партиската полиција ќе е тука за да ги штити оние кои ќе поткупуваат гласачи, и за да апси и прави медиумски спектакли на активисти на ВМРО-ДПМНЕ обвинувајќи ги за измислени случаи.

Синоќа Државната Изборна Комисија (ДИК) ја прекина синоќешната седница бидејќи во списокот од Статистика недостасувале 11 илјади гласачи. Лицата ги немало воопшто во списокот, биле избршани, но немало ниту соодветно образложение кој ги избришал и зошто. Според првичните сознанија станува збор за лица од македонски етникум во средини во кои ВМРО-ДПМНЕ извојувала огромна и убедлива победа, а без овие 11 илјади лица на локалните избори е можно СДСМ со гласови на Албанците, уцени и закани да освои повеќе градоначалнички места.

Поддршката од странските партнери СДСМ ќе ја има затоа што она за што Заев беше доведен на власт започна да се реализира и тие не сакаат да видат проблеми на тој пат на обезличување и распродажба на македонската држава. Затоа на 15-ти октомври народот ќе има голема задача да му каже не на Зоран Заев кој измами илјадници граѓани дека ќе се грижи за земјата, а откако стапна на власт Македонија секој ден се повеќе и повеќе се распаѓа.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This