ПОЧНА СЕЗОНАТА НА АЛЕРГИИ: Секое трето лице во Македонија алергично на полен – внимавајте!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По десетина нови пациенти неделно со алергија на полен бараат помош на Клиниката за пулмологија и алергологија.

Цветањето на дрвјата и тревата кај некои граѓани предизвикале потешки компликации и биле задржани на болничко лекување.

Според алерголозите токму алергискиот ринитис, ако не се открие и третира навреме може да предизвика астма.

-Ние во последно време имаме пациенти кои веќе имаат астма и се наоѓа врската дека се почнало од алергискиот ринитис. Да, имаме тешки случаи со тешки опструкции, со големо намалување на белодробната функција, со тешко дишење, свирење во градите и тие се задржуваат во болница се додека не дојде до стабилизирање на нивната здравствена состојба, изјави проф. д-р Дејан Докиќ, директор на Клиниката за пулмологија и алергологија.

Сомневањата на лекарите се дека секој трет македонски граѓанин е алергичен на полен, но не се сите дијагностицирани.

-Статистичките предвидувања се дека 25 до 30 проценти од популацијата во Македонија, но бројот на дијагностицирани е многу помал, додаде д-р Докиќ.

Професорот Докиќ советува граѓаните кои веќе имаат потврдена алергија две недели пред да почнат да цветаат дрвјата и тревата да почнат со терапијата, а сите кои имаат често кивање, печење во очите и секрети во носот да се јават на лекар зошто поленот може да им прави проблеми цело лето.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This