March 28, 2024, 12:16 pm

ПО ИЗВЕШТАЈОТ НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ИСТРАЖИТЕЛИ: Ракетата што го погоди MХ17 не припаѓаше на Русија туку на Украина, рече Путин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ракетата која го погоди малезискиот авион МХ17 над Украина во 2014 година, не припаѓа на Русија, рече рускиот претседател Владимир Путин.

“Повторувам, постојат неколку верзии, вклучувајќи ја и онаа според која тоа е ракета на украинската армија, ракета од воен авион, и така натаму. Повторно, сепак, не постои ништо што би влело доверба во квалитетот на финалните заклучоци и тоа нема да се случи без нашето целосно учество во истрагата “, изјави Путин на денешната пленарна седница на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, одговарајќи на прашањето дали проектили кои го собориле малезискиот” Боинг “и припаѓале на Русија.

Во четвртокот, Меѓународниот истражен извештај ги претстави резултатите од истрагата за падот на MH17 во источниот дел на Украина. Меѓународните истражувачи тврдат дека малезискиот “Боинг” бил собоен од ракетниот систем “Бук”, кој му припаѓа на 53-тата ракетна бригада на вооружените сили на Русија во Курск. Москва категорично ги негира овие обвинувања.

Претходно британскиот секретар за надворешни работи, Борис Џонсон, рече дека Русија мора да ја преземе одговорноста за инцидентот со летот МХ17 над Украина и да помогне во истрагата.

Рускиот министер за надворешни работи објави дека обвинувањата на меѓународна истражна група на вклучување на Русија во падот на малезискиот “Боинг” се неосновани и навреда , и дека истрагата била пристрасна и еднострана.

Путин рече дека Русија првично понудила соработка во истрагата, но не и било дозволено да учествува во неа. Украина учествува во истрагата, без оглед на фактот дека Киев ги прекршил меѓународните правила и не го затворил воздушниот простор над територијата во која се воделе борбите.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This