Турскиот премиер Бинали Јилдирим денес изјави дека е погрешно Грција да диктира кое би требало да биде официјалнот македонско име и изрази очекување дека двете соседни земји ќе го разрешат тој „пријателски“ спор
Говорејќи на заедничката прес конференција со Зоран Заев, Јилдирим истакна дека: „Погрешно е друга земја да го одредува името на земјата“, пренесува агенцијата АП.
Македонија и Грција веќе 25 години се во спор во врска со името на државата, а според Зоран Заев тој спор мора да се реши до крајот на летото.
Заев претстојува во посета на Турција.