March 28, 2024, 11:18 pm

ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДС КАКО ПИЛОТИ ВО ФОРМУЛА 1: За четири месеци потрошиле по 4.000 евра за гориво, членовите на партијата резигнирани!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

громни суми пари се исплатени од собраниската каса за патните трошоци на народните избраници во Македонија, покажува најновото истражување на новинарската мрежа СКУП. По објавата дека пратениците од земјава побарале многу повеќе пари во споредба со колегите во регионот, ТВ21 ги објавува „топ десеттемина“ – пратениците во македонското Собрание кои во 2017 имаат приложено најмногу сметки за бензин, патарина, и други давачки за пат. Иако два од првите 6 месеци од годинава собранието не работеше, сметките за службени патувања на депутатите достигнуваат износ од околу 4 илјади евра по пратеник . И тоа во земја каде што најоддалечното место од главниот град , во просек не е подалеку од 200 километри.

 

Алија Камберовски 4.280 евра

Сашо Поцков 3.975 евра

Лилјана Затуровска 3.942 евра

Мира Стојчевска 3924 евра

Агим Шакири 3.911 евра

Александар Кирацовски 3.844 евра

Сашо Василевски 3.843 евра

Томислав Тунтев 3.843 евра

Васко Ковачевски 3.829 евра

Лилјана Кузмановска 3.829 евра

ТВ21 поразговара со Горан Лефков, автор на истражувањето на СКУП. Тој вели дека од архивата на Собранието побарал коментар околу трошоците, не само на спомнатите десет, туку и за останатите кои користеле средства за патни трошоци, со високи износи. Лефков сугерира, за да не се расфрлаат парите од граѓаните, Македонија да пресликаме законски решенија кои успешно се практикуваат во регионот.

https://www.youtube.com/watch?v=6Svc_Hedw9Q

Податоците кои ги објави истражувачката мрежа СКУП покажуваат дека од 2010та до 2016та, 120-те народни избраници во Македонија извлекле од државната каса близу 5 милиони евра, само за патни трошоци. За 6 години, во просек, секој пратеник побарал по 40 илјади евра за патување.

Во споредба со регионот, излегува дека пратениците во Македонија имаат поминато многу повеќе километри, и покрај тоа што повеќето соседни земји се поголеми по територија од Македонија. Во Словенија за 6 години секој пратеник во просек потрошил по 36 илјади евра, во Бугарија – четири пати поголема од Македонија, пратениците потрошиле двојно помалку од колегите во земјава, додека во Хрватска, земја нешто повеќе од двојно поголема по територија, пратениците за патување побарале по околу 14 илјади евра. Најмалку трошоци за пат имаат пријавено пратениците во Косово, по 6 илјади евра за 6 години, или во просек само по 1000 годишно.

Ваквото бескомпромисно и алчно трошење на народните пари од страна на владеачкото мнозинство предизвика револт и кај поддржувачите и членови на СДС.

„Ковачевски од Битола, еден од пратениците кој за 4 месеци земал 4 илјади евра патни трошоци, беше награден со функција директор на РЕК, му падна РЕКот за НГ, санал воедно и претседател на ракометниот клуб Пелистер, а до пред 7 дена беше претседател на ОО СДСМ. Еве за што се работи… “- напиша Ивор Мицковски од СДС на својот ФБ профил, коментирајќи ја состојбата со делењето на функции на неколку моќници во партијата.

Меѓу оние кои се оградија од партијата е и Душан Илиевски, на јавноста познат како Душко Млекарот, инаку истакнат активист на СДС и довчерашен близок соработник на раководството на битолската партиска организација.

Ваквата злоупореба на народните пари не е изолиран случај само кај пратениците од СДС. Истиот тренд е секојдневние во извршната власт каде со народни пари се нарачуваат морски плодови, жестоки пијалоци, фстаци и лешници, а се организираат и роденденски прослави од страна на раководителите за вработените со кетеринг платен од буџетски средства.

 

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This