ПРАШАЊЕТО ЗА ИМЕТО Е ЗАТВОРЕНО ВО 1991.ГОДИНА: Домашните квислинзи отворено работат за грчките интереси, па и не го кријат тоа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прашањето за името на државата е затворено со референдумот од 8 септемви 1991 година, кога Македонците, по род и државјанство, во апсолутно мнозинство гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки! Одлуката на референдум по Устав е задолжителна за сите без исклучок!

Но, никогаш крај од врховистите и колаборационистите, соработниците со непријателите – квислизните…

“Името на мојата земја е и ќе биде Република Македонија“, – рече претседателот Бранко Црвенковски на крајот на своето обраќање пред 62-то Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк одржано на 25 септември 2007 година, чија главна тема беа климатските промени! Ова беше негов одговор на реакцијата на претставникот на Грција, кога Црвенковски беше најавен во дебатата како “претседател на Република Македонија“. Веднаш уследи грчка реакција што содржеше цитати од декларациите на Обединетите Нации со кои се воспоставува времено обраќање за Македонија – поранешна Југословенска Република Македонија, додека не се разреши “спорот“ со името.

Претседателот на 62-то заседание на Генералното собрание Срџан Ќерим, откако го исслуша приговорот, му се заблагодари на грчкиот претставник во име на претседателството на Генералното собрание на Обединетите Нации и одговори:

“Целосно сум свесен за фактите што беа изнесени во изјавата на почитуваниот претставник на Грција. Истовремено, како претседател на Генералното собрание, имам должност да покажам целосна почит за достоинството на секоја земја-членка на Обединетите Нации, меѓу кои и мојата. А сега го поканувам претседателот Бранко Црвенковски да се обрати на Собранието“.

На крајот, исто така, останувајќи доследен на обраќањето, Ќерим побара придружба за “претседателот на Република Македонија“ од подиумот до неговото место.

На 19 мај 2018 година, после средбата во Клубот на пратениците, на која присуствуваа претседателот Ѓорѓе Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидерот на ДУИ Али Ахмети, како и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска и шефот на дипломатијата Никола Димитров, премиерот Зоран Заев даде куса изјава.

“Информирав за последната фаза од преговорите за спорот за името. Со целосна одговорност, внимателност и посветеност на државните интереси ги информирав претседателот на државата, на Собранието, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ дека владите на Македонија и Грција разговараа за опција и решение, кое може да биде прифатливо и за двете страни. Република Илинденска Македонија е можен компромис, на англиски Republic of Ilinden Macedonia, на албански Република Илиндитасе е Македонис. Со овој предлог се зајакнува темелот на нашата држава. Илиден е нашата светла иднина, со ова име го зајакнуваме нашиот идентитет, а македонскиот Илинден е гаранција за мултиетничка Македонија. Со можниот договор ќе добиеме финална потврда за македонскиот јазик, гаранција за идентитетот и за меѓународните кодови. Ќе прифатиме севкупна употреба за ова име, а за внатрешна употреба ќе се спроведува во фази“, – рече Заев и најави референдум, нешто што грчката страна го прифатила.

Во 2005 година во расправа за државното име Македонија, Љубомир Фрчковски пак рече: “Владата треба да го извести медијаторот дека Македонија се однесувала во согласност со Резолуцијата усвоена при приемот, но таа Резолуција сега е исцрпена и затоа бара да биде примена во Обединетите Нации под уставното име.“ Според неговите толкувања на Привремената согласност од 13 септември 1995 година, “Македонија има обврска да преговара, но не до краен договор, а нашата добра волја да го правиме тоа ни ги затвора другите опции за решавање на проблемот – што, всушност, е и грчката тактика.“ Фрчковски смета дека “во земјата не треба да се дебатира за името на државата како што тоа се иницира со предлогот на Никола Груевски за референдум и дека такво нешто има смисла само ако некој прифати промена на името на државата, а не претходно.“ Според негови оцени, “Македонија е премногу толерантна спрема своите внатрешни квислинзи, кои отворено работат за грчките интереси, па и не го кријат тоа!“

Премиерот Зоран Заев во ТВ дуелот на МТВ на 23 мај 2018 година, го праша лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски “Зошто за ВМРО-ДПМНЕ не е прифатливо името Република Илинденска Македонија“ и додаде дека Владата ќе се обиде овој предлог да биде конечно решение, бидејќи го смета за достоинствено.

После се’, прашањето на коешто Зоран Заев треба да одговори е “А, зошто за СДСМ е неприфатливо името Република Македонија?“

 

Пишува
Тодор Петров

15 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This