ПРВА ЖЕНА КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО ЦРНА ГОРА: Драгиња Вуксановиќ кандидат за претседател на Црна Гора од редовите на социјалдемократите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката на Социјалдемократската партија (СДП) Драгиња Вуксановиќ ќе биде првата дама во историјата на Црна Гора која ќе влезе во трката за претседател на земјата. Тоа е соопштено на прес конфернција на партијата

По пропаднатите преговори за заеднички опозициски кандидат, се помалку време и надеж постои во земјата дека може да се постигне консензус за единствен кандидат на опозицијата. Истовремено, дел од опозицијата која се нарекува „граѓанска“ исто така не успеа да се договори околу заеднички кандидат, па СДП со едногласна одлука на сите членови на Главниот одбор на партијата ја предложи Драгиња Вуксановиќ за претседателски кандидат.

Вускановиќ, која е прва жена во историјата на Црна Гора која ќе биде кандидат за претседателските избори, изјави дека со чувство на гордост и чест ја прифаќа кандидатурата за претседател на Црна Гора, и дека смета дека „дојдено е време за промени во кои верува граѓанска Црна Гора“.

„Јас себеси не се доживувам за избрана да бидам поголема и позначајна од тие промени. Напротив, себеси се доживувам како скромен, но автентичен гласник и претставник на заедништвото кое со време ќе ги оствари промените“, изјави Вуксановиќ.

Додаа дека таа ќе ја престставува „граѓанска Црна Гора“, и дека сака „Црна Гора да биде дом на нејзините граѓани“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This