Бившиот француски министер за економија Емануел Макрон засега освои 23.7% од гласоите, додека е веднаш позади него со 21.7% е лидерката на Националниот фронт Марин ле Пен, според прелиминарните податоци на претседателските избори во Франција кои ги соопшти ИПСОС
Тоа воедно значи дека Макрон и Ле Пен, според прелиминарните податоци, одат во втор круг на претседателските избори.
Истовремено, се наведува дека за Франсоа Фијон гласале 19.5%, додека Жан лука Меланшон добил поддршка од 19.5% од бирачите.
Првичните анализи предвидуваат можна победа на ле Пен во вториот круг, наведувајќи дека гласачкото тело на останатите кандидати има поблиска идеологија со онаа на Ле Пен отколку со Макрон.