ПРВО ОБЈАВИЈА ДЕКА Е КРИМИНАЛЕЦ, ПА ГО УНАПРЕДИЈА: Андреј Жерновски министер без ресор кај Заев во влада!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Андреј Жерновски нема да се оди на локалните избори како кандидат за градоначалник на Центар од СДСМ, но нема да оди ниту како независен, како што самиот најави, ова вчера го кажа Зоран Заев. Премиерот на Република Македонија кажа дека тој ќе добие место во централната власт. Граѓаните велат дека за СДСМ важи мотото„Ако крадеш ќе напредуваш“, тие се зачудени како може да добие место во централната власт, ако се знае дека токму човек од СДСМ во претходниот период откри низа криминали за градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

Претседателот на Советот на Општина Центар и поранешен претседател на локалниот огранок на СДСМ во оваа скопска општина, низ текот на летото откри како Жерновски криминално ги трошел парите на центарци, за свое лично збогатување и задоволување на свои потреби.

Шиповиќ обвини дека градоначалникот на Центар, во текот на неговото четиригодишно владеење со општината со пари на центарци си шетал низ Европа и посетувал фудбалски натпревари. Тој кажа дека градоначаникот лажел дека бил на приватно патување, а излегле сметки дека тоа го платила општината.

-Градоначалникот ЛАЖЕ, на прашање на советник ИЗЛАЖА дека бил приватно во Франција а излегоа сметки за пат и престој кои ги платила Општината, лаже и дека со мене нема односи од моментот кога ме намести, Тој почна од првиот ден апсолутистички ( Груевистички ) да се понаша во Општината и од првиот момент немаме добри односи. Наместо да соработува со советниците за доброто на граѓаните тој соработува со луѓе вон Општината за свое добро, пишана на Фејсбук Шиповиќ.

Шиповиќ исто така на Фејсбук откри дека Жерновски си плаќал службени патувања, за кои не побарал дозвола и не поднел извештај за целите на службеното патување, обвини Шиповиќ

-Забележливо е дека градоначалникот Андреј Жерновски си се шетал по Париз на сметка на Општината, а притоа од никого не побарал дозвола за тоа, ниту пак поднел извештај за службеното патување, пишува Шиповиќ. Секој што службено патува знае дека за да се изведе службено патување треба одлука Управен одбор(во нашиот случај Совет на општината) и потоа на истиот орган му се поднесува извештај за остварените цели и задачи на службеното патување.

На крај во статусот Шиповиќ прашува: „А лани нели имаше некој фудбал во Франција?“.

Шиповиќ исто така откри дека Жерновски, со како што самиот тој вели неговите пајташи си направил договор меѓу општина Центар и Градежна фирма за вонсудско порамнување во износ од 90 милиони денари или 1,5 милиони евра и истите на три месеци биле платени.

Тој тогаш кажа дека со писмен допис барал да му се достави договорот на увид, бидејќи има сериозни индиции оти е прекршен законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

-Таков договор мора да биде одобрен од Советот на општина Центар, а воопшто не е ни разгледан, и градоначалникот не ми го доставува. Што ли крие? Ама аматер е за мене, јас со 40 години искуство, тој со ниедна, ќе откријам се што мува, напиша Шиповиќ на Фејсбук.

Шиповиќ тврдеше и дека корупцијата на Жерновски оди преку неговиот шофер, односно дека за маркица или за изградба на граѓаните им се јавува шоферот.

-Добро е што перцепцијата за корупција на градоначалникот е помала од претходните гарнитури, но не е добро што граѓаните се уште препознаваат корупција кај градоначалникот и неговиот ШОФЕР, пишува Шиповиќ.

Граѓаните на Македонија се гневни на потезите кои ги направи Владата на Зоран Заев во претходниот период. Во минатиов период се откриај скандалозниот начин на збогатување на фамилијата Заеви, кои ја користат моќта која во овој момент ја има премиеро Зоран Заев и за багателни суми купуваат акции во фирми, како што беше со „Герас Цунев“, каде братучедот на премиерот, Трајче Заев купи 22,25 проценти од акциите за само 20.000 евра. Уште од низата скандали со збогатување на функционерите во Владата на СДСМ е и тендерот кој фирма на вицепремиерот Кочо Анѓушев го доби од ЕЛЕМ, во вредност од 2,6 милиони евра.

Инаку, Заев вчера потврди дека новиот министер без ресор, за кој СДСМ сами обвинуваа дека е криминалец нема да оди на локалните избори за градоначалник на Центар, тој потврди дека ќе има друго име, кое не го откри, но според внатрепартиски извори од СДСМ, тоа името на сегашниот директор на Паркинзите во Општина Центар и претседател на локалниот огранок на СДСМ во оваа општина, Саша Богадановиќ.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This