ПРЕГОВАРАЧОТ НАУМОВСКИ КОНТРА ВЛАДАТА:Никој не може да го негира постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту една држава, ниту пак Обединетите нации немаат право на друга земја да и наметнат промена на сопственото име, ниту пак да негираат  постоење на македонскиот јазик  и народ, вели Наумовски во изјава за Сител телевизија. Оптимизмот за решавање на деценискиот спор  е корисен но за да се биде оптимист треба да се има реална основа, додава преговарачот од македонска страна.

https://www.youtube.com/watch?v=MrhRRTEdwVg

„Нашата држава има име, тоа е Република Македонија, тоа е основата во нашиот идентитет, исто така во 2018 година никој не може да го негира постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик “, изјави Васко Наумовски.

Иако Наумовски е преговарач во спорот со Грција и поставен од  државата, од Владата се оградуваат од неговата изјава. Од Илинденска број 2 испратија соопштение во кое се наведува дека тоа е личен став на Наумовски.

За работите да бидат дополнително искомплицирани, само пред една недела  министерот за надворешни Никола Димитров во дебатната емисија на ТВ21 Клик Плус посочи дека има голема доверба токму во преговарачот Наумовски.

„Јас досега немам видено сигнал дека актуелниот  амбасадор Наумовски излегува вон таа позиција специјален пратеник  и сакам тоа да му го почитувам“, рече Димитров.

Македонското меѓународно движење за човекови права од Торонто веќе 6 месеци бара повлекување на посредникот Нимиц со образложение дека во неофицијална средба изјавил:  “ако бев Македонец, немаше да преговарам за моето име“.

Дека  власта форсира  решавање на спорот  потврда се честите  средби последниов месец   помеѓу македонските и грчките власти. Неофицијално е дека на маса се неколку предлози меѓу кои најгласно се зборува за  името Нова Македонија. Јужниот сосед  спроведе анкета која покажува  дека дури 70% од Грците не сакаат терминот Македонија да биде употребен во решението на спорот со името.

22 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This