Попладнево, полицијата по наредба на премиерот Бејли уапси активисти на партијата Левица, поради истакнување на транспарент „Против војната за профит“ додека траеше дефилето на американскиот конвој инженерија и артилерија на скопскиот плоштад
Членовите на Левица од терасата на ГТЦ истакнале транспарент на кој пишувало „Против војната за профит“, алудирајќи на окпуацијоната армија на САД и НАТО, која денес во организција на премиерот Џес Бејли и Шеќеринска имаа дефиле на кое го изложуваа своето оружје.
Вака се боревте за Слобода и Право на слободна Мисла и Изразување?
Еј @Zoran_Zaev и @o_spasovski зошто ги апсите од #Левица, за Транспарент? pic.twitter.com/1lbKL8Hvkd— Кокран (@Kokran2) July 29, 2017
Претходно, полицијата не смогна храброст да ги уапси бандитите на платеничката револуција кои ги гаѓаа со цигли и ја запалија канцеларијата на Претседателот, ниту пак имаа храброст да реагираат кога во Бутел се сквернавеше постаментот за крстот.