ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МОЖЕ ДА ГИ ПОМИЛУВА: Лага се информациите кои се пласираат во медиумите дека Претседателот не може да помилува лица осомничени за тероризам!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во медиумите се шпекулира дека сегашниот Закон за помилување не му дозволува на шефот на државата да помилува лица за делото “терористичко загрозување на уставниот поредок“ за што се осомничени 36 лица во врска со настаните од 27 април, меѓу кои и шест пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е ЛАГА!

Имено, членот 11 од Законот за помилување и натаму важи, а претседателот нема никакви ограничувања за кои дела може, а за кои не може да дава помилување. Тоа е негово дискреционо право!

Претседателот на Република Македонија со помилување може да даде ослободување од гонење, или потполно или делумно ослободување од извршување на казната, може да ја замени изречената казна со поблага казна или со алтернативни мерки, или може да определи бришење на осудата, или да ја укине, односно може да определи пократко траење на определена правна последица од осудата или на казната. Со помилувањето Претседателот на Републиката може да определи укинување или пократко траење на казните: забрана на вршење професија, дејност или должност, забрана на управување со моторно возило на сторителите кои се возачи по занимање и протерување на странец од земјата.

Претседателот на Републиката МОЖЕ ДА ГИ ПОМИЛУВА ОСОМНИЧЕНИТЕ 36 ЛИЦА ВО ВРСКА СО НАСТАНИТЕ ОД 27 АПРИЛ, МЕЃУ КОИ И ШЕСТ ПРАТЕНИЦИ НА ВМРО-ДПМНЕ и да ја реши агонијата од политички прогон за дело “терористичко загрозување на уставниот поредок“ кое не постои!

Претседателот на Републиката МОЖЕ ДА ГО ПОМИЛУВА И ПРИТВОРЕНИОТ ЕДМОНД ТЕМЕЛКО, ГРАДОНАЛЧАЛНИК НА ОПШТИНА ПУСТЕЦ, со што ќе го симне срамот на државата кон Македонците во соседна Република Албанија!

Понатаму…

Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 25 март 1993 година донесе Закон за помилување, објавен во “Службен весник на Република Македонија“ број 20/1993 од 2 април 1993 година.

Во членот 11 од Законот за помилување се вели: “Претседателот на Републиката по исклучок може да дава помилување и без спроведување на постапка за помилување пропишана со овој закон кога е тоа од интерес за Републиката, или кога посебни околности што се однесуваат на личноста и на кривичното дело укажуваат дека е тоа оправдано.“

Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 27 јануари 2009 година донесе Закон за изменување и дополнување на Законот за помилување, објавен во “Службен весник на Република Македонија“ број 12/2009 од 28 јануари 2009 година.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување, членот 11 од Законот за помилување беше избришан, односно се укина можноста претседателот на Републиката да дава помилување и без спроведување на постапка за помилување пропишана со овој закон кога е тоа од интерес за Републиката, или кога посебни околности што се однесуваат на личноста и на кривичното дело укажуваат дека е тоа оправдано.“

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување, во членот 1 по ставот 1 се додадоа три нови ставa 2, 3 и 4, кои гласат:

“Претседателот на Република Македонија дава помилување и за кривични дела пропишани со кривичен закон на друга држава, доколку сторителот е македонски државјанин и казната ја издржува во Република Македонија врз основа на извршување на кривична пресуда на странски или на меѓународен суд, ако тоа е определено со меѓународен договор, или ако постои реципроцитет, или ако санкцијата ја изрече и домашниот суд според Кривичниот законик.

Помилување не може да се даде на лица осудени за кривични дела против изборите и гласањето од Глава шеснаесетта од Кривичниот законик (“Службен весник на Република Македонија“ број 37/96, 80/99, 4/2002, 43/2003, 19/2004, 60/2006, 73/2006, 7/2008 и 139/2008), кривични дела против половата слобода и половиот морал од Глава деветнаесетта од Кривичниот законик сторени спрема деца и малолетни лица, кривични дела против здравјето на луѓето од Глава дваесет и прва: кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од членoт 215 и кривично дело овозможување на употреба на наркотични дроги од членoт 216 и за кривични дела против човечноста и меѓународното право од Глава триесет и четврта од Кривичниот законик.

Претседателот на Република Македонија не може да даде помилување на лице државјанин на Република Македонија кое издржува казна во Република Македонија, а е осудено со пресуда на меѓународен кривичен суд.“

Уставниот суд на Република Македонија на седницата одржана на 16 март 2016 година донесе Одлука У.Број 19/2016-0-1, со која го укина Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување, објавен во “Службен весник на Република Македонија“ број 58/2016 од 28 март 2016 година.

Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 19 мај 2016 година донесе Закон за дополнување на Законот за помилување, објавен во “Службен весник на Република Македонија“ број 99/2016 од 20 мај 2016 година.

Во Законот за дополнување на Законот за помилување, по членот 11 се додаде нов член 11-а, кој гласи:

“Претседателот на Републиката може во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој закон да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување.

Претседателот не е должен да ја образложи одлуката од ставот 1.

Лицето за кое е донесена одлука за помилување има право до претседателот на Републиката да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување.

Претседателот на Републиката е должен во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот 3, да ја поништи донесената одлука.“

Ова дополнување се однесуваше на сите кои претседателот ги помилува, а против кои беа поднесени мерки за притвор од Специјалното јавно обвинителство!

ЗАКЛУЧОК: Лага е дека со Одлуката на Уставниот суд од 16 март 2016 година бил укинат целиот Закон за изменување и дополнување на Законот за помилување, објавен во “Службен весник на Република Македонија“ број 12/2009 од 28 јануари 2009 година, ама членот 11 и натаму останал избришан од Законот за помилување. Дека членот 11 е во сила, Собранието потврди со Законот за дополнување на Законот за помилување, објавен во “Службен весник на Република Македонија“ број 99/2016 од 20 мај 2016 година, во чиј член 1 се вели “Во Законот за дополнување на Законот за помилување, по членот 11 се додава нов член 11-а, кој гласи…“

 

Пишува
Тодор Петров

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This