ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЕУ НА СРЕДБА СО ЕРДОГАН: Високите претставници на ЕУ на состанок со Ердоган во Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Високи претставници на Европската унија ќе се состанат со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган на 26.март во Бугарија, за да разговараат за односите помеѓу ЕУ и Турција, како и регионлани прашања, изјави портпаролот на ЕУ

Состанокот во Варна ќе се сучи во сенка на непријателските односи помеѓу Турција и ЕУ, а дипломатите од Брисел признаваат дека некои луѓе од ЕУ едвај се согласиле на овој состанок, пренесува Ројтерс.

Домаќин на вечерата, на која Ердоган ќе присуствува, ќе биде бугарскиот премиер Бојко Борисов и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, како и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

„Ова ќе биде добра прилика здружено да ги процениме прашањата од заеднички интерес и неодамнешните случувања во вашата држава, меѓу кои се и областите за владеење на правото и фундаменталните слободи кои остануваат клучни за изградба и перспектива на односите ЕУ и Турција“, се наведува во поканата до Ердоган, која му ја упати висока претставничка на ЕУ.

Односите помеѓу официјална Анкара и ЕУ се влошија по неуспешниот воен пуч во Турција во 2016.година и поради вербалните напади на Ердоган на Германија и Холандија, кои се членки на ЕУ.

Меѓутоа, ЕУ исто така зависи од Турција, која како членка на НАТО има втора по големина војска, која пружа поддршка во областа на безбедноста и од која зависи строгата контрола на миграцијата од Блискиот исток.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This