ПРЕЦИЗЕН ПЛАН И ПРОГРАМА: „За заедничка Македонија“ најавија прецизен план и програма која ќе ја објават во петок!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Законодавниот ден и денес не избра претседател на Собранието кој не се откажал од Тиранската платформа, тоа е нова победа. Браво за сите нас, нова голема победа за сите граѓани кои се на улиците, истакна пред законодавниот дом Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

bogdan-ilievski1-640x425

 

-Се сеќавате на почетокот излезе шефот на опозицијата и побара да си одиме дома, веројатно истите луѓе мислеа дека за време на овие 4-5 дена ентузијазмот ќе спласне, денес сме тука да им покажеме, докажеме и потсетиме дека сме многу сериозни и дека помина времето на виткање кичми и веднење глави. Тоа особено важи за вашите гости, денес повторно имаме на гости некојси пророк, да му посакаме топло добредојде на човекот кој нè нарече славомакедонци, кој не го споменува името на нашата држава и не ја осудува Тиранската платформа. Господине Билт, ова е Македонија. Пројде времето на виткање кичма и раце, немаме веќе време да бидеме уценети, заплашувани и дискриминирани во сопствената држава. На улица сме 51 дена со паролата За заедничка Македонија, за сите нејзини граѓани. Држава која ќе е еднакво, мултиетничко општетство, а не поделена двојазична земја. Тука сме и денес, ќе бидеме тука се додека треба, додава Илиевски.

Тој нагласи дека во петок ќе излезат во прецизен план и многу важни пораки.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This