Љупчо Палевски, бизнисмен од Скопје, вечерва е приведен во полициска станица по барање на СЈО, дознава телевизија 24 од извори во обвинителството на Катица Јанева.
Според истите извори во СЈО, се води предистражна постапка за Палевски.
Нема информации за кој предмет ниту пак во која полициска станица е приведен скопскиот бизнисмен.
Инаку, Љупчо Палевски важеше за силен критичар на насилничкиот режим кој ја превзема власта во Р.Македонија со класичен државен удар. Тој редовно објавуваше скандалозни документи и информации за раководството на СДС.
Палевски често го критикува и амбасадорот на САД Џес Бејли, нарекувајќи го премиер во сенка.