March 28, 2024, 10:05 pm

Пристигнаа првите реквизити за новиот Луна парк во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот забавен парк ќе го сочинуваат административни објекти, нови забавни реквизити за возење, во согласност со европските стандарди за безбедност, објекти за служење храна и пијалаци, за продажба на сувенири, затворен дел за играње, паркинг.

luna-park-640x427

Градот Скопје ги набави првите седум реквизити од идниот забавен парк, а веќе е склучен и договорот за изведба на градежниот дел од проектот. За купувањето на седумте реквизити се издвоени 130,4 милиони денари, односно над 2,1 милион евра. Склучените договори со фирмите „Боминг“ и „Ивама траде“ од Скопје се во времетраење од шест месеци.

Инаку, пред половина година Градот реши новиот Луна парк да го гради струмичката фирма „Жикол“. Според објавениот договор, изградбата ќе чини 1,6 милион евра, а во документот беше наведено дека изведувачот има обврска да ги заврши градежните зафати во рок од 22 месеци.

Проектот предвидува новиот лунапарк да се простира на површина од околу 40.000 квадратни метри. Освен на постојниот простор, за новото забавно катче е предвиден и просторот во насока на каналите и езерцето во Градски парк. Паркот ќе го сочинуваат административни објекти, нови забавни реквизити за возење, во согласност со европските стандарди за безбедност, потоа објекти за служење храна и пијалаци, за продажба на сувенири, затворен дел за играње, паркинг.

Проценето е дека новиот Луна парк годишно ќе има 200.000 посетители, најмногу семејства и деца до 15 години.

Ќе се изврши целосна промена на старите и дотраени реквизити, кои во најголем број не се заменети од последната реконструкција на лунапаркот во 1973 година.

Изградбата на новиот Луна парк вклучува и влезна партија со билетарница, продавница за сувенири, канцеларии за администрација.

Тоалети и гардероба за вработени. Во отворениот простор ќе бидат изградени и продавница за слатки, продавница за слатки и храна, јавни тоалети и затворен мултинаменски објект во вид на школка.

Вкупната вредност на замислениот забавен парк во Градскиот парк изнесува 6,5 милиони евра. Портите од овој проект за најмладите жители на Скопје ќе бидат отворени во 2018 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This