ПРОБЛЕМИ ВО КОАЛИЦИЈАТА: ДУИ не ја сака во власт, Заев тера инает и преговара со БЕСА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За информацијата дека раководството на ДУИ синоќа зазеде став против нивното учество во владата, од Движењето Беса велат дека преговорите зависат исклучиво од нив и од премиерот Зоран Заев, а не од други субјекти. На вчерашниот состанок на партиското раководство на ДУИ, се разговараше и за ставот на премиерот Заев за вклучување на движењето Беса во Владата.

По отворената дискусија, раководството на ДУИ заклучи дека не е потребно движењето Беса да стане дел од владата.

-Нашата анализа вели дека процесот на реформи се развива со полн капацитет. Сите субјекти се добредојдени да го поддржат овој реформски процес што го спроведува владата, но сметаме дека во моментов нема потреба од проширување на коалицијата со кој било нов субјект, велат неофицијални партиски извори за Газета Лајм.

Официјално, од ДУИ сè уште не се изјаснети за оваа тема, но сепак впечатокот е дека ДУИ нема проблем да соработува во Владата со партијата на Стоилковиќ и Милетиќ, но има проблем да соработува со албанските партии.

Од друга страна пак, извори од Движењето Беса предводено од Африм Гаши, велат дека преговорите за влез во Влада продолжуваат и дека следниот состанок со премиерот Заев се очекува да биде наредната недела.

За информацијата дека раководството на ДУИ синоќа зазеде став против нивното учество во владата, од Движењето Беса велат дека преговорите зависат исклучиво од нив и од премиерот Зоран Заев, а не од други субјекти.

-Преговорите со премиерот Заев продолжуваат. Во средата требаше да се одржи следниот состанок, но беше откажан поради бројни политички случувања. До овој момент постои заеднички интерес за нашето учество во владата. Има уште многу да разговараме, а следниот состанок ќе се одржи од понеделник до петок. Досега има позитивна атмосфера, но сè ќе зависи од тоа дали ќе го делиме заедничкиот јазик за клучните прашања, велат извори во Движењето Беса за весникот на албански јазик Лајм.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This