March 28, 2024, 11:58 am

ПРОВИДЕН ОБИД ЗА КОНФЛИКТ ОД СТРАНА НА СДСМ: Сакаат бегство од избори со предвидливи и срамни потези

Поврзано

- Advertisement -

- Advertisement -

Најголемата опозициска партија наместо со проекти и програма да излезе пред граѓаните, повторно сака  да избега од избори со предвидливи и срамни потези, кои не поминуваат ниту кај нивното членство и нивните поддржувачи.

 zaev-zoki-640x480

Членовите СДСМ по социјалните мрежи искажуваат разочарување и се прашуваат до кога СДСМ ќе ја држи цела држава во криза. Ниту меѓу опозициските експерти веќе нема дилеми. СДСМ го чека нов пораз на изборите на 11 декември.

Прислушуваните материјали, партизацијата на Специјалното обвинителство и урнисувањето на главниот град, не дадоа никаков ефект. Рејтингот на СДСМ се уште далеку зад оној на ВМРО-ДПМНЕ.

Политологот Ненад Марковиќ вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да има комотно мнозинство по изборите, но сепак, свесен е дека СДСМ го чека пораз.

„ВМРО-ДПМНЕ од една страна веројатно по изборите ќе се збогува со комотното мнозинство, а СДСМ има малку време да ја надомести разликата во рејтингот, која не е веќе така голема, но сепак постои” – вели Марковиќ во изјава за Дојче Веле.

Претходно и политичкиот аналитичар Петар Арсовски, кој исто така важи за близок до опозицијата јавно призна дека на изборите не треба да се очекуваат промени и дека СДСМ повторно ќе доживее пораз.

-Овие бројки се статични на македонската политичка сцена веќе подолг период. Повеќе анкети имаше од моментот на објавување на снимените материјали до сега, а рејтингот на партиите се менуваше многу малку. Ќе видиме што ќе се случува до изборите, бидејќи ние сега од СЈО добивме две обвиненија, така да јас очекувам тоа да се засили во наредниот период и тоа да влијае на бројките. Секако, не очекувам драматични промени на 11-ти декември и мисалм дека периодот на расчистување на македонската политичка сцена допрва доаѓа, по 11-ти декември, вели Арсовски за Канал 5.

Арсовски смета дека активностите на терен на раководството на ВМРО-ДПМНЕ имаат голема влијание врз перцепцијата на граѓаните за тоа кој ги остварува ветените проекти.

-Секако дека владејачката партија со овие прес-конференции кои што ги прави на терен и со активната нарачка на проекти кои треба да се спроведат на терен, дека придонесува за својот рејтинг, рече Арсовски.

И граѓаните преку социјалните мрежи го искажуваат своето незадоволство од обидот на СДСМ повторно да избегне избори. „Веќе видено сценарио“, „Пак ли ќе бегате“, „Не може да избегате од народот“ се само дел од коментарите на социјалните мрежи кои може да ги погледнете во продолжение.

kom-fb kom-fb1 kom-fb2 kom-fb3 kom-fb4 kom-fb5

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This