April 24, 2024, 10:16 pm

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ МОРА ДА ИМА: Од кабинетот на Ципрас велат дека без промена на Уставот, инаку празен е муабетот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дискусијата за било какво име е празна содржина, ако прво не се исполнат предусловите на Владата, коментираат од кабинетот на грчкиот премиер во врска со натписите во медиумите и ги споменуваат грчките позиции за ерга омнес име и уставна ревизија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во соопштението испратено до медиумите, ја повторуваат вчерашната изјава на Алексис Ципрас по средбата со Зоран Заев дека поминат е голем дел од патот, но сѐ уште постои растојание што треба да се помине.

– Оттука, дискусијата за било какво име е празна содржина, ако прво не се исполнат двата основни предуслови, што ги има поставено владата, следејќи ја националната линија од почетокот на преговорите за името. Односно дека:

1.Ерга омнес со уставна ревизија е неопходен предуслов за да постои договор.

2. Спроведувањето на уставната ревизија е неопходен предуслов за интеграција во меѓународните организации (ЕУ-НАТО), соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер.(МИА)

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This