March 29, 2024, 10:36 am

ПРОМЕНИ ВО РАКОВОДСТВОТО ЌЕ ИМА: Мотото на моето делување ќе биде обединување!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мотото на моето идно делување и лајт мотивот ќе бидат обединување, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во отвореното студио на Македонската радио телевизија.

-Без разлика дали сме имале во минатото различни ставови и позиции по различни прашања со членовите и функционерите на партијата, единствено што нас треба да не спои и да не доведе во еден ред е тоа да застанеме на патот на овие штетни политики кои СДСМ, односно Владата предводена од СДСМ ги води, а кои според мене се антидржавни и немаат никаква додадена вредност односно не го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните во Република Македонија, иако морам да бидам искрен за време на предизборната кампања на предвремените парламентарни избори многу ветуваа. Ветуваа проекти кои што за жал во овој момент не само што не ги реализираат, туку немаат ни почнато со нивна реализација, рече Мицкоски во своето прво интервју како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и додаде:

„Можам само да заклучам една работа дека секој оној добронамерник, граѓанин, сопартиец кој што сака да застане рамо до рамо со десницата, со ВМРО- ДПМНЕ е добредојден, вратите за сите нив се отворени, заедно да застанеме и да ја дефинираме идната програма на партијата која ќе донесе подобар живот за граѓаните, да донесе подобри услови за Република Македонија да се развива како држава во иднина и впрочем ние да имаме посреќна животна околина, бидејќи знате ако имате среќни соседи, среќни пријатели и вие ќе бидете, ако сите околу вас критикуваат и се несреќни тогаш ни вие не можете да бидете среќни. Затоа ги молам сите луѓе во Македонија и партиски определени и партиски неопределени да застанат рамо до рамо со нас, да ја изготвиме новата партиска програма и да тргнеме во политичка битка против овие штетни политики на Владата на СДСМ“.

Мицкоски најави и дека ќе има одредени поместувања и нови предлози во однос на кадровските решенија во Извршниот комитет на партијата.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This