ПРОТЕКОА „БОМБИ“ ОД МЕЈЛОВИТЕ НА УСАИД И НЕВЛАДИНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве како УСАИД ги финансирала невладините во Македонија за организирање на државен удар!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Високо рангиран Британски извор за новинарот Саша Узунов, инаку Македонски иселеник во Австралија кој е сопственик и на сајтот „Тим Узунов“, доставил протечени е-мејл пораки од УСАИД во кои во детали е објаснето незаконското финансирање на невладини организација во Македонија, со цел напад на т.н. Македонски национализам но намерно игнорирајќи го Албанскиот национализам и Српската културолошка хегемонија во Македонија. Еден од протечените мејлови е на Делина Фицо, екс-сопруга на контроверзниот Албански премиер Еди Рама, човекот кој стои позади Тиранската платформа, која има единствена цел, федерализација на Македонија – пишува Узунов на својот сајт „Тим Узунов“

Инаку, г-ѓа Фицо е член на „Ист Вест Менаџмент Институт“, инаку тинк-тенк организација на САД блиску поврзана со УСАИД и одговорна за финансирање на невладини организации од со парите на даночните обврзници од САД.

Мејловите инволвираат дискусии помеѓу Ана Пискачева од канцеларијата на УСАИД во Македонија, и Ивона Крстевска од Младинскиот Совет во Македонија – НВО која ги предводеше протестите во кои се уништуваа македонски споменици и институции.

Електронските пораки кои ги си ги испраќале актерите во „шарената револуција“, ја откриваат соработката против УСАИД и Младинскиот совет во Македонија. Во една од електронските пораки испратени од Крстевска, се зборува за состанок помеѓу сериозни „играчи“ вклучени во некои доста сериозни „игри“, по кој добива проекти финансирани од Сорос – пренесува сајтот „Тим Узунов“. Во еден од мејловите се открива дека за време на состанок со претставник на УСАИД, а во друга порака таа се шегува со нејзин колега кој „повеќе бил заинтересиран за пари, отколку за активизам“.

Во текстот на сајтот „Тим Узунов“ се зборува и за „граѓанското“ движење „шарена револуција“, финансирано од УСАИД, кое во 2015 започна со протести против „корупцијата во владата“, инаку составена од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, водена од Никола Груевски. Овие протести финансирани од УСИАД, а поттикнати од Заев и објавувањето на т.н. „политички бомби“ доведоа до оставка на премиерот Груевски и закажување на нови вонредни парламентарни избори.

Од „Тим Узунов“ додаваат, дека за разлика од незаконски прислушкуваните материјали кои ги објави Заев за ВМРО-ДПМНЕ, такви материјали никогаш не беа објавени за ДУИ, кој пак денес е коалиционен партнер на СДС, иако претходно и тие беа цел на напад од тогаш опозициската партија на Заев.

Веднаш по изборите во 2016 година, на кои ВМРО-ДПМНЕ ја однесе изборната победа, во Тирана беше организиран состанок на православен Божиќ, на кој беше донесена т.н. Тиранска платформа, која служеше како уцена за влез на било која албанска партија во коалиција со Македонска партија, што значеше и кој тоа ќе ја направи владата.

Владата на Заев ја прифати Тиранската платформа со која се прифаќаат условите кои значат федерализација на Македонија, а подоцна потпиша и договор за „добрососедство“ со Бугарија со кој се става во ризик и Македонскиот идентитет.

„Тимот Узунов“ изразува и сомнеж дека токму оние „активисти“ финансирани од УСАИД имале и скриена националистичка агенда, уништувајќи ги Македонските споменици, а оставајќи ги Албанските недопрени.

 

Извор:
Team Uzunov

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This