ПРОТЕСТИТЕ ПРЕД ДОМОВИТЕ НА ПРАТЕНИЦИТЕ СЕ ОПРАВДАНИ: „Левица“ ги оправдува протестите пред домовите на пратениците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политичката партија Левица поддржува унапредување на сите јазици во Македонија, но сметаат дека Охридскиот договор не ги унапредил правата на Албанците, а законот за јазици, пак, го зголемува јазот и го зголемува национализмот.

Според Левица, имајќи го предвид фактот дека децата од албанска и од македонска националност учат во различни паралелки и во различни смени, и со тоа се поттикува национализмот.

-Македонците и Албанците нема сега да се сакаат повеќе со законот за јазици. Видлива е омразата меѓу двете етнички заедници и истата се продлабочува. СДСМ и ДУИ имаат свои цели, односно ДУИ сака да се наметне како спасител кај Албанците и со тоа да ја врати довербата. СДСМ сака да добие албански гласачи, надополнувајќи ги македонските гласови кои ги изгубиле поради преговорите со Грција за името“, вели, Џејлан Велиу од Левица.

Политичката партија смета дека е прекршен Уставот со начинот на изгласувањето на законот. Тие прашуваат, дали ако Албанците во иднина бидат помалку од 20 проценти, нивните права ќе бидат укинати. Парламентарното мнозинство не смеело да го толкува Уставот, како што на нив им одговара.

Протестите пред домовите на пратениците, според Левица се оправдани, но велат дека треба да се внимава и да не се нарушува мирот и безбедноста. Според Здравко Савески, „власта го поделила народот по етничка припадност и продолжила да владее, со што е оставен простор владата да краде, а народот да се занимава со поделеноста“.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This