ПРОТЕСТИ ВО СОЛУН: Грците ќе протестираат во Солун против употребата на името Македонија во „решението“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчките здруженија што собираат потписи за терминот Македонија да не биде вклучен во името, преку социјалните мрежи, според грчките медиуми, на 21 јануари организираат протест во Солун, а не е исклучена можноста да се одржат повеќе различни демонстрации, но со истата порака против името Македонија.

Како што во средата јави дописникот на МИА од Атина, демонстрации во Северна Грција, резолуции, собирање потписи, барање за референдум и не прифаќање на какво било име со терминот Македонија се дел од најавените активности во рамките на кампањата под името „Македонија значи Грција“. „Грчката федерација на културни здруженија на Македонците“, заедно со грчките здруженија и организации од дијаспората се главните организатори на активностите, а како медиумски покровители се појавуваат околу 60 медиуми од северниот дел на земјата.

На специјално изработена интернет страница, собираат потписи за резолуцијата до грчкиот премиер Алексис Ципрас, во која бараат да не се користи терминот Македонија во името на нашата земја и доколку е потребно да се распише референдум во Грција.

Според грчката телевизија Антена, сајтот во еден момент паднал, поради преголема посетеност, затоа што за само два дена, биле собрани над 130 илјади потписи, од кои 20 илјади за три часа.

– Се забележува голема раздвиженост во прашањето за името за државата на Скопје. Како што изјави министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, ќе се обиде да постигне конечно решение во прашањето за името во следните месеци. Во овој временски период, треба сите Грци да го изразиме нашето мислење за ова сериозно национално прашање и да и го дадеме како дополнително дипломатско оружје на грчката влада, нашиот кристализиран став, да не се користи терминот Македонија во конечното име на Скопје, пишува во повикот за собирање потписи за резолуцијата, што ќе му биде доставена на грчкиот премиер.

Собирањето потписи, според сајтот завршува на 31 јануари.

За потребите на кампањата, како што веќе јави МИА, изработен е и видео спот во траење од 40 секунди.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This