ПРОТЕСТИ И ВО ОХРИД: Охридскиот плоштад во црвено-жолта боја!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Плоштадот во центарот на Охрид се наполни со граѓани обоени во црвена и жолта боја, патриоти кои денес во 12 часот застанаа во одбрана на татковината. Протестот беше насочен против промена на името како и неуставниот Закон за двојазичност, а граѓаните не го заборавија ниту договорот за добрососедство со Бугарија.

Зад камерите и фотоапаратите граѓаните во голем дел ја коменитраа и изградбата на џамијата во центарот на Охрид која целосно ќе ја промени сликата на градот во кој има црква за секој ден од годината. Граѓаните ги коментираа и ветувањата на министерот за култура Алаѓозовски кој вети запирање на изградбата на минарето кое ќе биде највисокиот објект во центарот на градот.

Охриѓани го искористија овој слободен ден каде времето беше значително подобро од соседна Струга во голем број да го изразат своето незадоволство од антидржавните политики на СДСМ и Зоран Заев.

Фото
Димче Донески

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This