ПРОТЕСТИ ПРЕД РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ: Стотина демонстранти протестираат пред резиденцијата на Ѓорѓе Иванов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прекин на преговорите за името и одбрана на уставното име бараат членовите и симпатизерите на здруженијата СеМакедонски национален совет Македониум и Христијанско братство. Педестина демонстранти во моментов се пред резиденцијата на претседателот на државата и бараат средба со Ѓорге Иванов, објави Мкд.мк.

Демонстрантите бараат претседателот да ја извести ООН дека Македонија ги прекинува разговорите (преговорите) за името со Република Грција и да се поднесе барање до Генералното Собрание при ООН со изгласување преку просто мнозинство од присутните земји членки на ООН да се продолжи членството во ООН како Република Македонија.

Како што пишува мкд.мк демонстрантите исто така бараат од Иванов да го повика Зоран Заев и од него да побара оставка бидејќи ги прекршил сите точки од гарантното писмо, кое го доставил до претседателот пред да го додели мандатот за составување на влада.

Припадници на полицијата ја обезбедуваат канцеларијата на претседателот.

17 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This