ПСИХОЗА НА ЗАПАДОТ ПО ПОБЕДАТА НА БЕРЛУСКОНИ: Поранеше претставник во ОН од администрацијата на Обама ја обвини Русија за успехот на партиите кои се против естаблишментот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од клучните луѓе зад политиките на дестабилизација на Либија и Сирија, ја предизвика мигрантска криза во Европа ја обвини Русија дека влијаела на изборите во Италија, откако гласачите им дадоа ладен туш на партиите на естаблишментот.

Русија во овие моменти се користи како универзален изговор. Историски сепаратистички регион гласа за независност..Русија е крива. Некој на интернет прави негативна кампања за кандидат за претседател…Русија. Екстремно ладно време доаѓа од истокот..Русија пак е крива. Русија најверојатно сака илјадници мртви кои ќе починат од ладното време, како што истакна член Британската влада, сакаат да им го продадат рускиот гас на смрзнатите Британци.

Така да не е изненадување што за резултатот на последните избори во Италија, кои резултираа со подем на партиите кои се противат на естаблишментот вината да се префрли на Русија. Саманта Пауер, поранешен член на администрацијата на Обама ја обвини Русија дека го спинувала дискурсот на изборите во Италија и поради тоа главна тема биле мигрантите.

Корисниците на твитер ја потсетија на бројни интервенции на Вашингтон има нарекувајќи ја нејзината позиција “смешна”.

Изборите во неделата ја разнишаа политичката сцена во Италија, гледајќи ги гласачите кои од централно-левичарски партии се префрлија против естаблишментот. Евроскептичкото движење беше партија која освои најголем број на гласови, освојувајќи повеќе од 32 отсто од гласовите, додека анти-имигрантската партија Лега Норд ги надмина очекувањата, освојувајќи повеќе од 17 отсто.

Централно-левичарскиот блок предводен од поранешниот премиер Матео Ренци од Демократската партија на Италија, доби 23 проценти, признавајќи го “јасниот пораз” на изборите. Политичкиот аналитичар Даниел де Бернардин смета дека луѓето гласале за промена во неделата, а не за одредена партија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This