ПУКАШЕ ВО НАРОД, ПОСТАВЕН ЗА НАЧАЛНИК: Зоран Заев го награди човекот кој пукаше во голорак народ и повреди едно лице!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев тогаш потврди дека двајца полицајци од обезбедувањето на неговиот партиски потпретседател Оливер Спасовски, сегашен министер за внатрешни работи, биле тие што извадиле огнено оружје а едниот од нив и пукал по што од рикошет беше ранет еден граѓанин – пишува НетПрес

„Ве молам отстапете, ќе пукам, го дигна пиштолот, полицаец сум, предупредувам, ќе пукам. И праша, ќе пукам претседателе, пукнете еднаш во воздух и оп застанаа малку другите, не беа доволно уплашени, тргнаа да му го земат пиштолот, пукам уште еднаш, пукна уште еднаш, двапати“, рече тогаш Заев.

Инаку Законот за Собрание децидно и јасно предвидува дека личностите кои ги обезбедува МВР, во момент кога ќе влезат во законодавниот дом се под заштита на собраниското а не нивното обезбедување. Дополнително носење оружје во зградата на Собранието не е дозволено.

Членот 43, став 1 од Законот за Собрание јасно предвидува дека „одржувањето на редот во зградата на Собранието и во просториите во кои работи Собранието го обезбедува посебна служба. Лицата од посебната служба за одржување на редот во зградата на Собранието на истакното место на облеката носи обележје на Собранието на Република Македонија.“

Во ставот три од истиот член пишува дека „носење оружје во зградата на Собранието не е дозволено, освен за лицата овластени за одржување на редот во зградата на Собранието.“

Полициски службеник без посебно барање за тоа и без одобрение не смее ниту да влезе, а уште помалку да носи оружје во законодавниот дом. Овие ставови од членот 43 всушност значат дека личностите кои ги обезбедува МВР кога ќе влезат во Собранието се под заштита на собраниското, а не на личното обезбедување.

Очигледно ваквата, благо речено, непресметливост за можните последици од одредени дејствија е природен на  Заев. Зашто доколку беше поинаку, ниту „полицаецот Аце“ кој вади оружја на сопствените сонародници не би бил именуван на функција. Уште помалку би бил потпишан договор штетен по сопствената држава, како овој неодамна постигнатиот со Бугарија од кој допрва ќе произлегуваат правни проблеми за Република Македонија, а, исто така, ниту мајчиниот македонски јазик би бил изедначуван според важноста со јазик кој го зборува малцинска заедница во земјата.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This